Elementi Logo

АВТОР: Јулијана Величковска

Објави од Јулијана Величковска
Backgorund

Јулијана Величковска

Јулијана Величковска (1982, Скопје) е писател, уредник, преведувач и организатор на поетски фестивали. Основач е на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, соосновач и директор е на „Скопскиот поетски фестивал“ и програмски директор е на „Поетска ноќ во Велестово“, Охрид. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Авторка е на стихозбирките „Комарци“ (2010, ПНВ), „Отворена книга“ (2017, ПНВ Публикации) и „Рајсфершлус“ (ќе излезе од печат до крајот на 2024, ПНВ Публикации); на романот „Годишни времиња“ (2014; 2015 ‒ 2. изд.; 2017 ‒ 3. изд.; 2022 ‒ 4.изд., ПНВ Публикации), на книгата за деца „Ведра“, илустрирана од Марио Каев, (2022, 2023 ‒ 2. изд., ПНВ Публикации), за која ја освои наградата за најдобар текст во сликовница за книги издадени во 2021 и 2022 година на меѓународниот фестивал за литература за деца и илустрација „Литера“; на монографијата „XX години Поетска ноќ во Велестово“ (2009, ПНВ), заедно со Славе Ѓорѓо Димоски го направи изборот и ја приреди „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“ (2023, Поетска ноќ во Велестово), а авторка е и на триесетина книжевни преводи од англиски, од руски, од српски, од хрватски и од црногорски јазик. Нејзините песни се препеани и објавени на дваесетина светски јазици. Нејзиниот роман „Годишни времиња“ беше објавен на бугарски јазик од страна на издавачот „Ерго“ од Софија во 2017 г., избор песни под насловот „Кутија на стравот“ во превод на азарбејџански јазик беше објавен од издавачката куќа „Зардаби“, Баку, 2024 г., а избор песни во превод на англиски јазик под насловот „Очекувам лавови“ (“Expacting Lions”) ќе излезе од печат до крајот на 2024 г. во издание на „Три Спајр Прес“ (Three Spire Press), од Корк, Ирска. Застапена е во неколку антологии на македонската современа поезија издадени во Македонија, во Србија, во Чешка, во Грција, во Италија и во Колумбија, во две антологиии на современата светска поезија, едната издадена во Кина, а другата во Албанија, како и во три антологии на куси раскази, објавени во Македонија. Учествувала на бројни интернационални книжевни фестивали низ Европа и Азија.

ПЕСНА

*** успеа ли да ја прочиташ песната што ја пишував па ја бришев ја пишував па ја чкртав не со молив ни со мастило туку со косата носена од ветрот што идеше од мраморнот...

Прочитај Повеќе

Комуна Капиштец 2001

Комуна Капиштец 2001 на Ј, К и Б   хартиени авиони летаат го преплавуваат воздухот   нечии гулаби летаат низ нив со крилја од автомобилско масло исцрнети   чаши ...

Прочитај Повеќе

Врзувајќи ги…

(врзувајќи ги…) врзувајќи ги зборовите и речениците сврзниците покажуваат и своја содржина свое значење но тоа значење се открива единствено преку самиот спој.....

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 14

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ