Elementi Logo

Скопски блуз

Backgorund

Скопски блуз

Убеден сум: штом не те видов денес,
никогаш повеќе не ќе те видам.
Небото се смрачи. Заминувам.
Можеби еден ден ке ти пратам своја фотографија.
Можеби испечатените очи
ќе ја наѕрат онаа што ја криеш во себе.

Пртепев од малтешки на англиски:: Рут Вард
Препев од англиски јазик: Елена Пренџова

ЗА АВТОРОТ

Имануел Мифсуд

Имануел Мифсуд (Малта, 1967) е една од водечките фигури на малтешката книжевна генерација по 90-тите. Неговите книги се нашироко преведувани, особено романот „Во името на таткото (и на синот)“ што беше награден од Европската Унија и преведен на единаесет јазици. Неговите најнови романи, раскази и стихозбирки, исто така, се преведени на многу јазици. Покрај прозата и поезијата, Мифсуд е автор и на две книги за деца. Во 2014 година, на Мифсуд му беше доделен „Орден за заслуги“ од Република Малта како признание од државата за неговите книжевни потфати, а во 2024 година ја доби и Националната награда за поезија што ја доделува Малтешкиот национален совет за книги. Мифсуд докторирал книжевност на Универзитетот во Малта, каде што предава современа литература и теорија на книжевноста.

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 21

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ