од Иван Џепароски (од „Град“, МИ-АН)
Тогаш страшен земіотрес
го кршеше Градот:
урнати куки и згради
и луѓе на пат кон свиреп сон.
Напукнати згради и
навалени куќи живееа
и по смртната болест.
Потем, линии водорамни
врз објектите се цртаа:
Зелени, жолти и црвени.
Најтешката, црвената, значеше:
да се урне, не е за живот!
Пред неколку години секојдневни
земјотреси го нишаа Градот:
таа пролет и тоа лето
исти силни бои се користеа
но сега во форма на енформел.
Беше ли тоа сеизмолошки обид
да се разурне идејата за еден белосветски и бел ботокс-барок?
Иван Џепароски е роден на 9 мај 1958 година во Скопје. Завршил основно и средно образование во родниот град. Дипломирал во 1980 година, магистрирал во 1991 година и докторирал во 1997 година на Филозофскиот факултет во Скопје, на Катедрата по филозофија. По дипломирањето работел во Македонската радио-телевизија како соработник, а потоа и како уредник во образовната и културна програма. Во 1985 година бил избран за уредник на Редакцијата за култура на Македонската телевизија, а на ова место останал во континуитет до 1993 година. Од 1989 година, едновремено, неколку години бил и главен уредник на Културно-уметничката програма на Македонската телевизија. Од декември 1993 година бил избран за асистент по естетика на Катедрата по филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје. Во моментов е редовен професор по предметите: Естетика, Историја на естетиката и Филозофија на културата. Бил и Раководител на Институтот по филозофија (2004-2009; 2013-денес). Во осумдесеттите бил член во редакциите на списанието „Трета програма“ (Скопје) и „Погледи“ (Скопје), а сега е член на списанието „Философска трибина“ (Скопје). Џепароски е автор на поголем број на предговори и поговори на значајни филозофски и книжевни дела (Платон, Фројд, Грамши, Унамуно, Бенјамин/Блејк, Џојс, Бродски), а неговиот научен опус го надминува бројот од 100 библиографски единици–текстови објавувани во земјата и странство. Неговата поезија и некои од неговите есеи се преведени на повеќе јазици во светот, а избори од неговата поезија се објавени во одделни книги во Бугарија и Романија. Неговата книга „Македонскиот есеј“ е преведена на англиски, шпански и кинески јазик. Се јавува и како преведувач (В.Блејк, Џ.Џојс, Ј.Бродски, Д.Хјум, Е.Берк) Филозофски дела Арго плови по Аксиј, Скопје: Мисла, 1984; Во потрага по изгубениот тоталитет, Скопје: Култура, 1993; Уметничкото дело, Скопје: Култура, 1998; Отаде системот, Скопје: Култура, 2000; Филозофски приказни, Скопје: Магор, 2001; Младите, сакралното и уметноста (соавтор), Скопје: Темплум, 2003; Естетика на играта (прир.), Скопје: Култура, 2003; Убавина и уметност (прир.), Скопје: Магор, 2005; Аспекти на другоста (прир.), Скопје: Менора Евро Балкан Пресс, 2007; Естетика на возвишеното, Скопје: Магор, 2008; Македонскиот есеј (прир.), Битола: Микена, 2008; Уметничкото дело (второ издание), Скопје: Магор, 2009; Став и суштина, Скопје: Дијалог, 2010; Дискурси на визуелното, Скопје: Матица македонска, 2014; Култура и литература, Скопје: Магор, 2016. Поетски дела Слики од изложбата, Скопје: Наша книга, 1989; Еклоги, Скопје: Македонска книга, 1992; Песни, Скопје: Детска радост, 1998; Волја за мисла, Битола: Микена, 2008; Грабнувањето на Европа, Скопје: Дијалог, 2012; Светлината на Света Гора, Скопје: Магор, 2015, пр. англиски, Струга: СВП, 2016, пр. српски, Белград: Граматик, 2018. Преводи од англиски јазик Вилијам Блејк, Песни на невиноста и на искуството, Мисла, Скопје, 1988 Ј.Бротски, Дел од говорот, Македонска книга, Скопје, 1988 Јосиф Бротски, Поезија, Македонска книга – СВП, Скопје–Струга, 1991, (превод од руски и англиски јазик – заедно со Е. Клетников) Џејмс Џојс, Камерна музика, Македонска книга, Скопје, 1993 Добитник е на следните награди: „Млад борец” (1984) – награда за книгата Арго плови по Аксиј (за критика и есеистика) „Димитар Митрев” (1993) – награда за книгата Во потрага по изгубениот тоталитет (за критика и есеистика) „Григор Прличев” (1993) – награда за преводот на Џ. Џојс, Камерна музика „Браќа Миладиновци “ (2016) - награда за најдобра поетска книга „Светлината на Света Гора“ на македонски јазик напишана меѓу два фестивали „Ацо Шопов“ (2024) за стихозбирката Посвети и пофалби.