Имануел Мифсуд (Малта, 1967) е една од водечките фигури на малтешката книжевна генерација по 90-тите. Неговите книги се нашироко преведувани, особено романот „Во името на таткото (и на синот)“ што беше награден од Европската Унија и преведен на единаесет јазици. Неговите најнови романи, раскази и стихозбирки, исто така, се преведени на многу јазици. Покрај прозата и поезијата, Мифсуд е автор и на две книги за деца. Во 2014 година, на Мифсуд му беше доделен „Орден за заслуги“ од Република Малта како признание од државата за неговите книжевни потфати, а во 2024 година ја доби и Националната награда за поезија што ја доделува Малтешкиот национален совет за книги. Мифсуд докторирал книжевност на Универзитетот во Малта, каде што предава современа литература и теорија на книжевноста.
Скопски блуз Убеден сум: штом не те видов денес, никогаш повеќе не ќе те видам. Небото се смрачи. Заминувам. Можеби еден ден ке ти пратам своја фотографија. Можеби исп...