Elementi Logo

ЛУЃЕТО, А НЕ ГРАДОТ

Backgorund

(извадок)

Маџирмаалските средби зборуваат за се уште живиот дух на маалото.
Прво, самото име на маалото доаѓа од турските иселеници кои живееле таму
уште пред ние да дојдеме. Маџир, или на турски јазик „мухаџир“ значи
бегалец, емигрант Имаше убави беговски куќи. Но, нашата куќичка беше
мала, ама убава. Повеќето куќички беа такви, со кујничка и гостинска соба
долу и со две спални соби на кат, со дрвени скалила и подови што крцкаа
кога се движевме по нив. Имаше и куќи во кои живееја повеќе различни
семејства. Скоро сите во дворчињата имаа бунар и многу цвеќиња, дудинки,
зеленики и овошки. Од цвеќињата најмногу беше застапена цветната
грмушка со име анамска рака. Имаше прекрасен мирис на кој до ден-
денеска се сеќавам и ми Селаните од Драчево и Лисиче оттука поминувсо
цвеќиња се наоѓаа нужниците во кои чучнати вршевме нужда. Бидејќи
тоалетна хартија тигаш немаше, татко ми кој редовно го читаше весникот
„Политика“, откако ќе го дичиташе неколку пати, ќе ми речеше да го исечкам
на малечки парченца и да го подготвам за употреба. Сега звучи смешно и се
гадиме од тоа, но тогаш тоа беше сосема нормално да се прави.
Сите комуницираа меѓу себе во маалото, освен чичко Санде. Тој беше еден
намќорест тип кој ни „добар ден“ не умееше да каже, а камоли некој
разговор да разврзеш со него или пак некои други добрососедски односи да
воспоставиш. А токму тој ја имаше најуавата и највкусна кајсија чиишто
гранки натежнуваа од плодовите и надвиснуваа во нашиот двор. Ние, деца,
како и сите други деца, беревме и јадевме. Ако не видеше, маваше по нас со
стапови и камења. Како таков го паметам. Многу лош човек. Единствен лош
човек во целото маало! Не дека ние немавме црни сливи и кајсии, ама
најголем мерак ни беше да крадеме овошки од кај кума Перса. Така ја
викавме, кума Перса. Така ја викаа старите, па така и ние и с еобраќавме. На
таа возраст ни личеше на вештерка, меѓутоа, таа беше сосем обична старица.
Дворчето и беше преполно со цвеќиња и овошки. Ние ќе ја повикавме
еднаш, двапати и ако не се огласеше ја прескокнувавме оградата, ќе ги
наполневме џебовите и маиците со овошје и бегавме преку оградата назад.
Таа го правеше можеби најубавото слатко од дуњи, ако судиме спотед
миризбата. Во врска со крадењето имам уште едно сеќавање: низ маалово

поминуваше таканаречената „Говедарска“ улица. Селание од Драчево и
Лисиче оттука поминуваа за да одат на Бит-пазар дапродаваат зарзават или
пак на сточен пазар во Чаир. И од нивните коли скришум крадевме јаболка,
бостан, домати, па и јагниња. Правевме бељи, крадевме, ама за да јадеме,
зашто се немаше многу!
Е, сега да ви кажам нешто и за прочуеното пливање во Вардар. Какод еца
пораснати покрај река или се бањавме, или ловевме риба. Ако ловевме
риба, моравме да внимаваме да не не видат полицајците зашто ќе ни ја
земат рибата. Не дај Боже да фатиш некоја голема! Спринт до дома, па пак
врати се! Тогаш Вардар не беше регулиран, беше многу голем, а имаше и
еден јаз до него. Во тој јаз се учеше пливање и се полагаше за пливач!
Додуша с еполагаше и кај плажата на Железничкиот мост. Тоа ни беше
главна плажа, а добрите пливачи скокаа од највисоката точка на
конструкцијата во најдлабоката точка на Вардар. Пред д анаучам да пливам,
јас прво стоев и ги гледав женските, па си коментиравме после со другарите.
Сигурно тоа биле тешки глупости! На тие години какви коментари бо можеле
да кажеме. Оние деца чиишто куќи не се наоѓаа во првиот ред куќи до
Вардар, во текот на жешките лета правеа колиби од дрвца на самиот брег во
кои се штитеа од жешкото сонце, оти друга сенка немаше. Имеше посебен
систем на учење на пливање: двајца постари те држат за раце, а ти висиш
над водата. Тоа обично беа најверните другари, а тоа можеше да се
забележи по истетовираните имиња на рацете. Што значо тоа? Ако некој ти е
верен другар, неговото име го тетовираш на раката веднаш под своето.
Издание на „Или-Или“, Скопје, 2022

ЗА АВТОРОТ

Снежана Младеновска Анѓелков

Снежана Младеновска Анѓелков e македонска писателка, родена во 1977 година во Скопје. Дипломирала на Факултет за драмски уметности - Скопје на отсекот за филмска и ТВ монтажа во 2000 година. На истиот факултет магистрира во 2012 година. Има долгогодишно работно искуство на телевизиска монтажа и креативно обликувала преку 500 документарни филмови, репортажи, патеписи. Во својата теоретска книга Слики со животна уверливост не само што го објаснува процесот на филмската монтажа како важен творечки сегмент во аудиовизуелното обликување на документарниот филм преку анализа на делата на Владимир Блажевски, туку се обидува да укаже и на важноста и нужноста од авторски документарни филмови во Македонија. Аворка е на три романи и добитничка на нагдата Роман на годината.

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ