Elementi Logo

СЕКОЈ ПОЛУДУВА НА СВОЈ НАЧИН

Backgorund

(извадок)

15.
Од денот кога открив дека ракописот на тетратката со поезија не беше тој од на таблата на часот по латински, ме фати некое лошо чувство, некакво сомневање придружено со пораз на илузијата кон Ана Б., еден вид комплекс на инфериорност и самовиктимизација. Поинаку кажано ништо не разбирав, покрај стравот зошто Ана Б. ме одбрала токму мене за да ми ја даде таа проклета тетратка. Да не бев нечија цел, а продолжував да живеам со мојата момчешка рамнодушност како наивен, кој мислеше дека светот е негов? Не знам. Единственото нешто што го знаев беше дека, Ана Б. со тетратка или без тетратка го окупирала мојот хоризонт. Таа се простирала на долго и широко во мојата свест и потсвест и играше со двете, дење и ноќе. 91 Како и да е, како зборлив, и како човек којшто не може ништо да крие, како човек, кому тајната му се чини како вреќа цемент, натоварена на грб и кој со невиност бара некого за да му помогне да го носи товарот, му кажав нешто на Дурим, другарот кој секој ден стануваше мојот најблизок пријател. И иако му дадов и нему да носи добар дел од товарот, вреќата сè уште беше тешка… Кратко речено тетратката со поезија на Ана Б. ми ги гореше рацете. Што ако некој и ми ја најдеше во соба? Ќе ме апсеа. Ќе ме апсеа иако јасно се гледаше дека не е мој ракопис. Да им кажев дека ми ја дала Ана Б.?!!! На крај на краишта и можев тоа да го кажам, но од друга страна јасно беше дека не беше ни нејзиниот ракопис. Дури, најмногу ме плашеше тортурата која можеше да ја вршат на мене. Јас не сум тип кој може да трпи тортури, а уште помалку за некоја тетратка која не беше ни мојата. Ах Господе! Дојдов во Тирана за да учам, по толку перипетии од моите родители за да можам да се запишам, а не бев дојден овде за да ги зголемам редовите на жртвите, поради некоја младешка глупост поттикната од сексуалните нагони, кои ме водеа како да бев примитивец. Како и да е. Ниту едно од овие размислувања не вредеше штом имав при рака тетратка со реакционерна, антипартиска и антикомунистичка поезија, како што можеа лесно да се нарекуваат во тоа време и уште полесно можеле да служат за да те пикнат внатре. Во меѓувреме Ана Б., не доаѓаше на предавања. По две-три ноќи полни со страв и други непознати, по 92 два или три дена што се будев со прашањата: дали да ја носев секаде со мене, или подобро да ја криев некаде, или да ја фрлев во некоја корпа за ѓубре, одлучив да ја однесам тетратката кај куќата на моите баба и дедо од страна на мајка ми, кај “21 декември”. Дедо ми и баба ми, кои живеа во мал апартман, како да беше кафез, некако се средиле и имаа некаква удобност, по неколкугодишните трчања, следејќи до вујко ми, поголемиот, по затворите. Него, вујко ми, го затвориле по втор пат, по едно несреќно назначување како доктор низ планинските краишта на Тепелена. Кога влегов двајцата станаа и се израдуваа. Антигона, баба ми, ја постави набрзина масата. Таа секогаш готвеше за тројца, идеал во повеќето случаи и материјал како мене, одвреме-навреме. Јас ја ставив тетратката на маса, јадев и мислев дека, најголемата глупост што можев да ја правев во мојот живот, беше да им ја оставам таа бомба на овие луѓе. Погледнав преку прозорец. Веќе беше самрак и оттаму се гледаше блокот од згради со силикатни бели цигли. Некаде на крајот, од десната страна на просторот меѓу зградите, државата дозволила да се изгради гаража, каде се паркираше едно бело пежо, сопственост на еден француски дипломат, некој си Гије, кој живееше во зградата наспроти. Беше токму времето кога тој се враќаше од работа и се паркираше. Интересно беше што државата одлучила тој човек да живее надвор од стадото. Значи далеку од зградите за странските дипломати, за да седи на три различни места во Тирана. Не знам зошто, но Гије ѝ даваше на 93 баба ми некое француско списание, кое одлучил да го фрли во ѓубре. Не, господине, си реков. Стани маж и однеси ѝ го нејзе дома. Нека биде што биде. Доста се лигавиш веќе. Срам да ти е! Цел овој монолог го кажував во тишина, во себе, а тие чекаа од мене некој муабет. Особено дедо ми кој ги обожуваше старите случки. Тој добро го познаваше грчкиот и беше опседнат од книгите, кои се однесуваа на митологијата и на историјата. Станав без да кажам друг збор освен: благодарам и догледање. Ги прегрнав и двајцата, како да им кажев збогум и излегов. Тетратката во внатрешниот џеб од палтото, исправено тело и тргнав кон неа. Се качив во градскиот автобус, на спротивен правец од правецот по кој одев кога се симнував од воз. Стигнав здрав и жив некаде близу до нејзината куќа и наместо да брзам за да ја тргнам од глава таа тетратка се вртев по уличките, со чувството дека ако се откажев од таа тетратка беше исто како да се откажам од Ана Б. и ова премногу ме болеше. А што ќе ѝ кажев? Како? Самракот во Тирана тоа време беше навистина романтичен. Град без коли, со ниски куќи, каде владееше, освем полуориенталната архитектура, со еднокатни куќи од ќерпич, италијанската архитектура од 30-тите година на XX век, со двокатни вили и со бетонски блокови околу вратите и прозорците, со марсејски цигли и со геометриски железни ковани огради. 94 Стуткан во себе, изгледаше како да оставав траги од полжав по уличките на дебарската населба. И не знам по колку време сум стигнал не сакајќи близу куќата на Ана Б. На чело на нејзината улица тргнав назад. Фенерот, изгледаше како да свети само за мене, како да бев мал брод со едра, којшто ветерот го туркаше не сакајќи по пустото пристаниште, долж оваа грмушка на запад. Тогаш нозете, реагирајќи полека, како да беа за’рѓани дела од кран, ме однесоа и застанаа пред нејзината врата. Земав длабок воздух и тропнав на врата. Беше седум попладне, 10 март, мојот роденден, пред дваесет и една година. Никој не ми отвори, Повторно земав длабок воздух и овојпат тропнав уште полесно отколку претходниот пат. Нејзината капија, беше од дрво и со два дела и беше изработена од љубов, иако беше изработена пред четири декади. Малку стреа над капијата, точно колку што им требаше на двајца заљубени луѓе за да се кријат од светот. Двајца што се сакаат, под тремот, дождлива зимска ноќ и со … став. И немаше веќе време за подетално набљудување бидејќи се отвори и од другата страна се појави таа, Ана Б., сега замрзната како од восок. Беше како споменик од восок кој гореше и пушташе не сакајќи мирис на свежо измиена човечка кожа. Нејзините очи беа подуени од плачење. Јас почекав еден миг за таа да ми каже нешто, но Ана Б. стоеше со лесно затворени усни и не кажа ниту збор. Тогаш ја извадив тетратката од внатре- 95 шниот џеб од палтото и давајќи ѝ ја на рака ѝ кажав нешто што ми дојде така неочекувано, нешто што го имав прочитано некаде, но не се сеќавав каде, нешто како: “Поезијата не се пишува, таа се доживува!

Превод од албански јазик: Јордана Шемко – Георгиевска

ЗА АВТОРОТ

Стефан Чапалику

Стефан Чапалику е роден во Скадар, во 1965 година. Дипломирал албански јазик и литература на Универзитетот во Тирана во 1988 година, а потоа понатамошни студии во Италија, Чешка и Англија. Во 1996 на Универзитетот во Тирана година го завршувa својот докторат. Од 1993 до 1998 година е раководител на Катедрата за литература на Универзитетот во Скадар. Од 1998 до 2005 година бил одговорен за одделот за книги во Министерството за култура, како директор за книжевната политика. Од 2005 година работи како истражувач во Центарот за албански студии и професор по естетика на Универзитетот за уметности во Тирана. Неговите претстави се играни на повеќе меѓународни театарски фестивали, каде што му се доделени државни и меѓународни награди. Делови од неговите дела во поезија, проза, драма и есеи се преведени на англиски, германски, француски, италијански, романски, полски, бугарски, српски, македонски и турски јазик. Тој е, исто така, театарски и филмски режисер и номиниран за театарска награда Европа за новите театарски реалности. Стефан Чапалику е прогласен од Министерството за култура за најдобар драмски писател за годините: 1995, 2003, 2007, 2012, 2016 година.

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ