Elementi Logo

АВТОР: Стефан Чапалику

Објави од Стефан Чапалику
Backgorund

Стефан Чапалику

Стефан Чапалику е роден во Скадар, во 1965 година. Дипломирал албански јазик и литература на Универзитетот во Тирана во 1988 година, а потоа понатамошни студии во Италија, Чешка и Англија. Во 1996 на Универзитетот во Тирана година го завршувa својот докторат. Од 1993 до 1998 година е раководител на Катедрата за литература на Универзитетот во Скадар. Од 1998 до 2005 година бил одговорен за одделот за книги во Министерството за култура, како директор за книжевната политика. Од 2005 година работи како истражувач во Центарот за албански студии и професор по естетика на Универзитетот за уметности во Тирана. Неговите претстави се играни на повеќе меѓународни театарски фестивали, каде што му се доделени државни и меѓународни награди. Делови од неговите дела во поезија, проза, драма и есеи се преведени на англиски, германски, француски, италијански, романски, полски, бугарски, српски, македонски и турски јазик. Тој е, исто така, театарски и филмски режисер и номиниран за театарска награда Европа за новите театарски реалности. Стефан Чапалику е прогласен од Министерството за култура за најдобар драмски писател за годините: 1995, 2003, 2007, 2012, 2016 година.

СЕКОЈ ПОЛУДУВА НА СВОЈ НАЧИН

(извадок) 15.Од денот кога открив дека ракописот на тетратката со поезија не беше тој од на таблата на часот по латински, ме фати некое лошо чувство, некакво сомневање...

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ