Elementi Logo

СЦЕНА 5

Backgorund

(Ноќ. Ходникот каде што е статуата. Олег скришно се појавува и застанува пред човекот.)

ОЛЕГ
Ова сега што ќе ти го дадам, никогаш нема да можат да ни го земат.

(Од една од чорапите вади светло син фломастер. Со истиот, почнува да му ги бои очите на мажот на статуата. Го враќа фломастерот во чорапата.)

ОЛЕГ
Сега ти имаш очи како моите. Јас како твоите.

(Многу полека и внимателно ги пружа рацете околу статуата и нежно ја прегрнува. Прегратката трае неколку секунди. Внимателно се одвојува од бистата и тивко си заминува од каде што дојде.)

ЗА АВТОРОТ

Стефан Миленков

Стефан Миленков е роден 1997 година во Скопје. Три години од своето средно образование ги завршува во скопската гимназија СУГС „Никола Карев“ и една во Соединетите Американски Држави како стипендист на програмата Kennedy – Lugar Youth Exchange and Study и тоа во академската 2014 – 2015 година. Во 2018 година е примен на Факултетот за драмски уметности во Скопје на катедрата по Театарска и филмска драматургија во класа на проф. м-р Маја Стевановиќ. Стефан во 2019 година добива прво место на меѓународниот фестивал за едноминутна драма “One – Minute Play Contest” организиран од страна на универзитетот AGRFT во Љубљана. Наградениот текст, „Отвори врата“, е потоа изведен на сцената на Slovensko narodno gledališče на фестивалот Боршчникови средби во Марибор. Пред да почне да пишува за театарот, Стефан доста време поминува и на самата театарска сцена како дел од неколку актерски екипи. Во 2014 година доделена му е награда за најдобра епизодна машка улога во претставата „Чернодрински се враќа дома“ на ДАФ на Македонија – Кочани.

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ