Elementi Logo

РУСКИОТ ГРАДИНАР

Backgorund

РУСКИОТ ГРАДИНАР

Сето ова мора да се има во предвид пред таа групичка луѓе на аголот, слободни од секоја концертна изведба, шпто стојат онде, додека некогаш нешто си муабетат, а некогаш молчат. Од нив, макар како да с ена некаква сцена, не се очекува никаква музичка програма, најмалку во најлошиот случај, да запеат нешто! Во што веќе го препознавам она драгоцено непостоење на некој оивот, хорски, собирен, во прилог на нивните приватни, одвоени битисувања. По кој пат ме прашува неко од нив, како е, вели, таму кај вас, горе? Разбирам дека со тоа не мисли на северната страна на светот каде што обично живеам, туку на некоја претстава дека мора да постои нешто горе, нешто над оваа котлинка. А токму тоа е можно да го одржува тој мир овде, „долу“. Зашто „долу“ е првата состојба на човештвото, она „горе“ е само можно да е некаков фамтазам, негатив, негативен негатив на нивното траење. Му ја издавам тајната, тоа „горе“ не постои воошто, тоа трае само во свеста на долните луѓе, макар сите биле во долното, во подземјето, во потпалубјето на една наметната судбина, во оној ќумез од руската повест, каде еден невротичен несреќник се обидува насила да се наметне на остатокот од општеството, а не знае во штос е впушта. Сега, малку по малку треба да се размсри тој ситен собир од аголот на мојата улица, нивната каква таква смисла. Ја прашувам девојката на Андреј за крупниот човек кој и избричен се чини неизбричен. Тој, вели таа, беше ѕидар, подоцна ги бојадисуваше фасадите од ниските куќи, на крајот работеше нешто во општината. Тоа ми зборува за професијата на повеќето луѓе, за нивната професија која е неодредена, аматерска. Човекот е аматерска појава, затоа што полето што му се отвора прираѓањето нема никакво обележје, тоа повеќе се чини како бриколаж, работа вон работното време, макар тоа и не постоело. Се чинид ека и во  најголемиот број случаи тоа основно и не постои. Кога би се судило по оваа групичка пред трафиката, би с епомислило дека овде никој ништо не работи.

 

(Од романот „Рускиот градинар“, во издание на ЛОМ, 2023, Белград)

 

Превод од српски јазик: Сашо Огненовски

 

ЗА АВТОРОТ

Бора Ќосиќ,

Бора Ќосиќ, српски и хрватски романсиер, есеист и преведувач е роден во Загреб во 1932 година. Во 1937 година со семејството се преселил во Белград, каде што го продолжил образованието и дипломирал на Првата машка гимназија. Студирал филозофија на Филозофскиот факултет. Соработувал во бројни весници и литературни списанија. Во 1952 година бил уредник на весникот Млада култура, а од 1962 до 1963 година соработувал во литературното списание Данас. На рана возраст ги преведува поетите на рускиот футуризам Мајаковски и Хлебников, пишувал и филмски дијалози, а во 1969 година го адаптирал текстот за првата изведба на мјузиклот Коса во Ателје 212. Писателската кариера ја започнал со романот „Куќата на крадците“ од 1956 година, а потоа објави книги со есеи, „Видлив и невидлив човек“, 1962 година, „Содома и Гомора“, 1963 година. Тој е автор на култниот роман на неодамнешната српска проза, „Улогата на моето семејство во светската револуција“, 1969 година, мотивиран од војната и повоениот Белград, дело во кое ги уништува сите идеолошки обрасци на светата светост во Југославија на времето со ироничен дискурс. Ќосиќ е истовремено и наследник на централноевропската прозна традиција на интелектуализиран есеизам (затоа и неговото поигрување со формите не е невообичаено: тој ја објавил Тетратката на Музил, еден вид омаж на Музил во книгата за трансформација во која авторот станал писател од насловот), како и еден од последните интелектуалци кој е емотивно искрен се поистоветува со југословенската Напишал околу 50 книги, објавени во Србија, Хрватска и Германија, а неговиот последен роман „Кратко детство во Аграм“ е објавен најпрвин во Дурие, а потоа во Франкфурт на Шофлинг. Добитник е на бројни европски награди.

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 14

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ