ПЕНЕЛОПА: Таа не заслужува милост.
МЕДЕЈА: Ти си бесчувствителНА.
ПЕНЕЛОПА: Мајка крвничка, и ја заклале! Оставив се за да не земам нож в раце и некого да судам - немој да ми кажуваш дека сум бесчувствителна. Најлесно е да се убие... секој може да го направи тоа.
МЕДЕЈА: А тој убиениот убил и убивал - ако е по твое.
ПЕНЕЛОПА: Тогаш тоа нема крај.
МЕДЕЈА: Нема, госпоѓо помирителке! Ако некој ме силува, ќе се одмаздам. Ако ми намеруваат смрт, ќе убијам. Само, нема да биде по нивно, нема да бидам како овца на колење - биди сигурна.
ПЕНЕЛОПА: А сепак еве си, во состојба на конфузија.
МЕДЕЈА: Против мене застана војска, не сум семоќна. Сепак, претходно им зготвив доволно што никогаш нема да ме заборават.
ПЕНЕЛОПА: Што направи?
МЕДЕЈА: Да речеме дека сум им ги збркала плановите. Дека ја обезглавив таа војска. Фигуративно, ако ме разбирате.
ПЕНЕЛОПА: Толку разбирам што на крајот сепак бегаш и дека си тука со мене, која никогаш никого не сум обезглавила.
Молчат, секоја во својот агол.
МЕДЕЈА: Кога ќе го препознаеш злото, вистинското зло, мораш да му застанеш на патот на секој начин, без милост.
ПЕНЕЛОПА: Ако мажот ме изневерува, ако ме измачува, тоа е лошо за мене, не за другите. Затоа се држам настрана од таков сопруг. Не ја земам секирата в раце.
МЕДЕЈА: Зборувам за општото зло.
ПЕНЕЛОПА: Не знам што е тоа.
МЕДЕЈА: Блазе си ти. Седеше, претпоставувам, во твоите четири ѕида и го сретна само твојот мал, домашен зол дух. Ако твојата куќа ги смени местата, како мојата, ако те принудат да се мешаш со светот, како мене, ќе го сретнеш помоќното зло, она што владее со светот.
ПЕНЕЛОПА: Јас сум жена, местото ми беше во куќата. Мажите шетаат по светот, нека се борат со тоа твое зло.
МЕДЕЈА: Твоето? Овие луѓе надвор бегаат од моето зло?
ПЕНЕЛОПА: Не знам, не сум паметна како тебе. Знам само дека рацете не ми се крвави.
МЕДЕЈА: Овој свет го водиш ти, со крвави раце. Дури и да не сум толку силна како нив, барем нема да можат да ми се смеат или да ме сожалуваат. Никој. Можат само да ме мразат.
ПЕНЕЛОПА: Тоа не би ме радувало.
МЕДЕЈА: Не сме исти.
ПЕНЕЛОПА: Тоа сигурно.
Тие молчат.
КАСАНДРА: (На Медеја) Знаеш дека ќе се спасиш.
МЕДЕЈА: Не знам ништо, не сум врач како тебе.
КАСАНДРА: Знаеш, знаеш. Имаш заштита од највисокото место, нема да ти дозволат да пропаднеш. А поетите ќе продолжат да те рушат и воздигнуваат илјадници години, обидувајќи се да проникнат во енигмата на твоите постапки.
МЕДЕЈА: Во таков екстремен мрак, каде што ни сонцето не може да пробие, ни судбината не е сигурна. Сè може лесно да се промени.
ПЕНЕЛОПА: Судбина! Вистината! Сето тоа ти е пајажина. Ајде да се обидеме да спиеме. Којзнае што не чека утре.
Таа умира. Од соседната соба врева, лира. Касандра седи на креветот.
ПЕНЕЛОПА: Не можеш да спиеш?
КАСАНДРА: (Повторно воздивнува) И ти не би спиела да ги слушаш и моите гласови во главата... цела ноќ се расправаме. Многу ми се спие, како не би мислела!
ПЕНЕЛОПА: Па немој.
КАСАНДРА: Не можам да престанам да зборувам, дури и кога молчам.
ПЕНЕЛОПА: (по пауза, станува и седнува до Касандра) Кутрата!
КАСАНДРА: Добро разбирам дека не сакате да ме слушнете. Не се слушав ни јас самата, а знаев како ќе завршам.
ПЕНЕЛОПА: Знае ли некој чии се овие војници?
КАСАНДРА: Никој. Сечии.
Тивко, замислено. Пејачот повторно се слуша.
Превод од српски јазик:
Сашо Огненовски
Александра Гловацки е театарската критичарка, драматургинка и уредничка во Одделението за култура на Радио Белград 2, Позната е по нејзините критики кои го подигнуваат стандардот на професијата, е автор и на неколку драми (Камен на љубовта од дното на морето, Самовила кочија ...) и голем број драматизации, од кои една е последната е романот на Дима „Тројцата мускетари“, врз основа на кој е создадена истоимената драма во Младинскиот театар. Нејзината драматизација на „Декамерон“ на Бокачо, поставена во Сомбор (Декамерон - ден претходно), долго се памети. Меѓу другото, таа беше член на Советот на Битеф, селектор на Стерииното позорје и претседател на жирито на тој фестивал за современ драмски текст.