 
            не буди се, тишино
спиј, те пресликувам
на ноќната страна од стеблото на пченката
како што се озрнуваш во ништото
не буди се, спиј тишино, спаси ги моите очи
за да се одчарат, да не гледаат
додека мртвиот јазик песна во устата
како заумен воденичен камен
и склопи ме, поклопи ме со тоа небо
и не буди се, спиј тишино
како јапонски војник
над цунамито
плескаат капките на богородица
се распрснуваат, оголени
јагодици по белиот порцелан
клавијатурата крикна, тесна сум
тој вели Уршула, јас велам не сум
тој вели пресветла кралице на нејасноста
свечено сиромаштво
го благослови, плачеше
ти си пустина маѓепсана од Христос
и уште имаше чудни мотиви
немам кому да ги дадам
немам кому да ги дадам
во неделата чепкаше плевел
во емисијата за земјоделци
Анка Жагар (Замост во Горски Котар, 6 јули 1954), хрватска поетеса. Дипломирала југословенски јазици и книжевности и компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Работи како библиотекарка во Загреб. Таа е една од најважните современи хрватски поетеси; Го добила Горановиот венец за поезија во 1994 година. Дела Отидов и... заборавив сè, Загреб 1983. Онаон, Загреб 1984. Земјанки во сон, Загреб 1987. Бесшумно бело, Загреб 1990. Небнице, Загреб 1990. Гуар, животно од роса, Загреб 1992. Замолчување на изворот, Загреб 1996. Мала проза со која дождот се враќа кон небото, Загреб 2000. Стварници, немирна површина, Загреб 2008. Крта е мојата прва ноќ, Загреб 2012. Пеј ги разликите на тивкотипките, Загреб 2015. Некои од нејзините дела беа преведени од хрватски на полски во нејзината антологија од 1996 година „Żywe zrówna“ од полската писателка и преведувачка Ључја Даниевска. Награди 1994: Горанов венец 2009: Награда Иван Горан Ковачиќ, за збирката песни „Стварници, немирна површина“ 2017: Литературна награда „Стипан Билќ-Прчиќ“, за збирката песни „Пеј ги рзликите на тивкотипките“