Elementi Logo

ИНТЕРВЈУ СО СРПСКИОТ ПОЕТ ДЕЈАН АЛЕКСИЌ

Backgorund

ПОЕЗИЈАТА ЈА ДОЖИВУВАМ КАКО ДУХОВНА ТАТКОВИНА

1. Вие сте еден од најзабележителните српски поети, со голема ерудитивност и многу препознатлив стил. Дали поезијата ќе го промени светот и дали е стихот влијателен како другите книжевни родови?

Често грешиме кога мислиме дека пред поезијата треба да поставуваме задачи и мисии. Едно од честите прашања е токму во врска со моќта на поезијата – дали под нејзино влијание ќе се промени светот. Нема. Но, затоа ќе може да се промени секој поединец кој ќе и се посвети. А ако се согласиме дека светот е апстрактен збир на поединци, тоа хипотетички значи дека така може да с епромени и светот.

2. Како што гледаме, во Вашата биографија се најмногу присутни книгите за деца. Дали е тоа Ваш доминантен ангажман во светот на книгите?

Сепак, поезијата ја доживувам како свој матичен простор. како еден вид духовна татковина. Книжевноста за деца ми е како мал исчекор од здодевниот свет на возрасните. додека пишувам за деца, јас всушност комуницирам со детето какво што бев јас, и тоа ми е голема и доверлива одбрана од бесмисленоста која на нас често се нафрлува од таканаречената „сериозна“ стварност. А и таа стварност е производ на некаква игра, многу често валкана, така што е подобро да си играш во светоткаде што играта е она што треба да биде – убавина на снаоѓањето во новите ситуации на радоста на духот.

3. За своите книжевни дела сте добиле голем број награди. Колку се наградите пресудн во ангажманот на еден книжевник?

Наградите и признанијата ги доживувам како убава и споредна работа. Би пишувал и кога не би имало награди. Тие на кои мотивот за пишувањето е само афирмацијата од било кој вид, обично не ја разбираат смислата на творештвото. Но, би бил неискрен кога би рекол дека наградите воопшто не ми значат. А и значат и на наградената книга, зашто донекаде ја засилуваат литателската рецепција. Иако, не сум сигурен колку тоа важи и за поетските книги. Знаеме дека насекаде кругот на читатели на поезија е скромен.

4. Вашиот прв роман „Јазол“ е исто така награден. Дали овој книжевен род ќе постане еден од Вашите следни литературни предизвици?

Не знам, а не знам затоа што сум искрен кон себе и кон она што го правам. Првенствено сум поет, а не раскажувач. Работата на тој роман ја доживувам како мал творечки инцидент, исчекор од сопствениот работен хоризонт. Тоа беше еден вид искушение. Тоа што сакав да го кажам не можеше да се каже без таков формат како што е романот. Работејќи на него научив по нешто и за сопствениот творечки менталитет. Мојот ум не е ум на раскажувач, како ни мојот јазик. Еден од најголемите проблеми на кои наидував пишувајќи го романот, беше во врска со јазикот. Во поезијата тој е кондензиран, има посебна економија, не се расфрлува. Стихот е есенција, а прозната реченица мора да биде питка и проодна. Беше напорно беше напорно да се скротува секоја реченица која со задоволство би се одметнала во стих.

5. Што Ве поттикнува да напишете книжевно дело и кои теми најмногу Ве возбудуваат?

Секогаш станува збор за некакво трагање. Кога пишувам чувствувам дека присуствувам на нешто важно. Исто е и кога читам добра литература. Она за што пишувам најчесто е потребата индивидуата да ја открие вистината зад вистината, стварноста зад стварноста, светот зад светот. Веројатно заради тоа кај мене е честата инверзија на свеотот и профаното, возвишеното и тривијалното. Поезијата ја разборам како клучалка низ која може да се ѕирне во просторите на појасните слики. зборовите се осетот на поетскиот вид, а наше е само да прогледаме.

6. Каде се наоѓа српската книжевност на европската и светска книжевна мапа и дали е доволно преведувана?

Неодамна работев на една студија во врска со преведувањето и промоцијата на српската книжевност во европските земји. целокупната слика е поразителна, но не изненадува. Книжевностите на „малите“ народи и јазици често бидуваат невидливи, во сенка на оние другите, доминантните. Општествата одговорни кон своите култури го разбираат тоа и вложуваат напори и средства таквиот статус барем да се ублажи. Кај нас тоа не е случај. За почеток, ние немаме национална агенција која би се занимавала со таквата работа. Нмаме ни стратегија и културна политика како тоа да се промени. Некој би рекол дека тоа чини многу. Точно е. Но, невидливоста и некултурата чинат повеќе.

7. Со што би се занимавале кога не би се занимавале со пишување?

Кога имав седум или осум години, сакав да бидам астронаут. Страшно се разочарав кога дознав дека Југославија нема вселенска програма. Ми бееш крајно неправедно што за тоа можат да фантазираат само американските и руските деца. Зошто астронаут? Можеби затоа што ние како деца во тоа време бевме излоени на такви содржини кои не поттикнуваа на авантури, откритија и наука, за разлика од денешните деца кои зјапаат во тик-ток. А можеби и затоа што отсекогаш сакав да ги посматрам работите од неутрална далечина. Да се види светот од одредена дистанца е многу возбудливо. Токму тоа го пружа и поезијата, Единствената разлика е тоа што наместо во всеелената, поетот се нурнува во вселената на свјот внатрешен свет.

ЗА АВТОРОТ

Елементи

Елементи

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 14

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ