Elementi Logo

ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНЧЕВ

Backgorund

КОГА ЧОВЕК ПИШУВА ПРОЗА Е АПСОЛУТЕН РЕЖИСЕР

Вие сте театарски режисер. Кои се мотивите да почнете да пишувате проза?

Јас сум прозен писател многу пред да станам театарски режисер. Мојот прв роман „Како мажот ја бакнува жената што ја сака“ го пишував на свои 18-19 години и ја добив наградата за нов бугарски роман за 2007 година, награда која го носи името „Развој“. Пред овој роман јас имав раскази кои беа објавени во некои бугарски книжевни списанија. Јас бев во книжевноста и во театарот многу пред да почнам да студирам театарска режија. За мене тие два професинални правци секако се споиле во една понуда за создавање нови приказни. Тоа е некако половина – половина, ништо од сето ова не е на прво место. Јас сум напишал и драми, но избегнувам да ги поставувам јас, чекам некој друг да ги постави.

Дали наоѓате конекција помеѓу театарската уметност и книжевноста кога е во прашање тематската определба?

Не, нема допирни точки. Само методолошки и технолошки допирања и разлики. Јас секогаш велам дека човек кога пишува проза е апсолутен режисер, а кога режира вп театар се соочува со грубата материјалност на просторот, сцената и тоа е нешто што може да те ослободи и да те пробие. И во методолошка и во технолошка смисла има уште една разлика: кога пишуваш ти твориш самиот во самотија, а во театарот мораш да ја користиш енергијата на другите и тоа е нешто навистина драгоцено. Има уште нешто што е за мене многу важно: во книжевноста не можеш да ја видиш реакцијата на публиката, а во театарот можеш да го согледаш непосредно впечатокот од твоето творештво.

Пишувате за современи теми. Каде ја гледате улогата на балканската книжевност во турбулентно време какво што е ова?

Мислам дека на Балканот имаме потреба малку да се охрабриме да се занимаваме со теми што се современи, кои се директни зашто и во Бугарија и во Македонија, но и во сите поранешни југословенски републики има премногу комплески и желби уметноста и книжевноста да биде слична на она што се прави во Европа. Целата ситуација е малку имитативна и ни недостасува автентичност, а ако се замислиме и ги видиме процесите што се развиваат сега и во државите по поранешната Југославија и Бугарија можеме да видиме што се развивало во Франција и Германија пред сто години. Сите овие прашања за нашиот национален идентитети како да го сочуваме таков каков што мислиме дека е се прашања од повеќе од сто години. Тешко е за нас сегашното откривање на тие прашања, а најтешко е да мислиме на националниот идентитет како ригидност.

Дали Ве привлекуваат историски теми и колку историските интерпретации влијаат врз инспирацијата на бугарските писатели?

Во Бугарија многу се пишува на историски теми. Како поединец и како човек, јас никогаш не сум верувал во големите наративи, ниту во социјалните, ниту пак во политичките аспекти, секогаш повеќе сум се интересирал големите идеи да влезат во корелација со психологијата на индивидуалното. Во следната моја книга „Малиот бог на земјотресот“ која треба да излезе на македонски јазик се занимавам со психолошките аспекти на историските наративи и на крајот од романот мојот глаевн јунак доаѓа во Скопје да ја истражи солидарноста за земјотресот од 1963 година и најпарадоксално оди да се шета низ турската чаршија во Скопје и таму наидува на една албанка пророчка која ја прашува дали има спас од овој свет во којшто живееме, а таа му одговара дека нема спас и дека сите што доаѓаат кај неа доаѓаат за да бидат излажани.

Дали сте помислиле да се свртите и конд другите книжевни жанрови: на пример поезијата?

Кога бев многу малд пишував поезија и досега имам две три национални награди. Во Стара Загора, Софја и Бургас има многу награди и номинации и морам да признаам дека кога почнав активно да се занимавам со театар мојата потреба да пишувам поезија ја снема. Досега во некои бугарски портали можеа да се најдат мои стихови од тоа време, а и многу мои пријатели ми велеа дека сум требало да продолжам со поезијата, но за жал, јас продолжив со некои подолги форми: роман, драма, театарска претстава, перформанс, како и други жанровски експерименти. Сега со една сликака од Варна работиме на една инсталација која има работен наслов „Збирка на разочарувањето“.

Каде е местото на бугарската книжевност во европски рамки и дали е доволно преведувана?

Бугарија пред паѓањето на Берлинскиот ѕид беше многу затворена држава и ако треба да ја споредиме со поранешна Југославија, бугарската книжевна сцена во европскиот фокус почна да станува видлива дури на крајот на деведесеттите или почетокот на новиот век. Јас сега преку себе доживувам некои аспекти дека во Србија, Албанија Хрватска и Македонија има интерес за моето творештво и морам да кажам дека сум среќен за тоа. Мислам дека како писател и не само како писател, човек во уметноста мора да се соочува со други контексти, со далечни и блиски култури и само на таков начин може да го најде своето суштински лице и такада се соочи и со некои предизвици во текот на својата изградба како личност што зазема место во уметноста. Јас секогаш на моите студенти му го давам овој пример: кога Хамлет сака да го излобличи Калудиј за убоството на неговиот татко прави претстава. Уметноста е интервенција во стварноста, а Шекспир ни дава одговор на прашањето зошто е уметноста важна, како и ние како уметници кои мораме да бидеме сериозни во нашите состојби.

ЗА АВТОРОТ

Елементи

Елементи

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 13

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ