Elementi Logo

ИНТЕРВЈУ СО ОЛИВЕРА ОЉА ЈЕЛКИЌ

Backgorund

ДЕТСКАТА КНИЖЕВНОСТ КАКО ТЕМЕЛ НА КВАЛИТЕТНИОТ ЧОВЕК

Вие сте една од најзначајните писателки за деца. Колку детската кножевност ќе го промени овој суров и неумолив свет?

Светот ќе изгледа онаков како што би го изградиле луѓето. Детската книжевност е една од „темелите“ во градбата на квалитетниот човек. Кога би имала повеќе простор, би имала и повеќе влијание, а тоа секако би се рефлектирало и низ квалитетот.

Вие пишувате и прекрасни романи за возрасни. Ги допирате големите трауми на овој век. Кажете ни малку повеќе за Вашата инспирација за делата за возрасни. Каде се движат тие и кои се Вашите идни интересирања?

Тоа што некој го препознава као роман за возрасни јас го нарекувам роман за млади. Воглавно ги препознавам проблемите на младите личности и тоа се темите на моите книги. Сакам младите луѓе да сфатат дека незгодите во животот не им се случуваат само на некои далечн, имагинарни јунаци, туку дека секој може да биде главен јунак.

Бевте во потесен круг за престижната книжевна награда Астрид Линдгрен. Дали се наградите важни и колку тие обврзуваат и поттикнуваат?

Да, наградите се важни зашто претставуваат некој вид на евалуација на она што сте го направиле досега, даваат можност да ја согледате вашата работа и работата на другите писатели. Ги сакам наградите што ги доделува жирито составен од читатели. Секако и образложените награди на сериозните книжевни критичари се многу важни и даваат поттик за понатамошната работа.

Оља Јелкиќ повремено пишува драми, а и свири. Дали една уметница треба да биде сестрана и дали сте помислиле да напишете нешто во друг книжевен род: поезија, есеј итн.?

Со големо задоволство пишувам драмски текстови. Многу мои текстови за деца се поставени во театри и се играат со години наназад. Многу ретко пишувам песно и воглавно ги компонирам, така што имам едно објавено ЦД со песни за деца и мноштво необјавени песни за детски хорови и солисти.

Вие се занимавате и со хумана работа и тоа е за секоја пофалба и респект. Кажете ни нешто и за тоа.

Повеќе од десет години ја водам „Државата на деца Декаленд“ и во рамките на тоа се занимавам со децата без родители. Имам „Театарче дворче“ каде што децата глумат, пејат, рецитираат, танцуваат. Ова е една од моите активности, Исто така еден од проектите е Малите слободни Декаленд библиотеки што ги поставувам по училишта, села, улици. Досега сум подарила повеќе од сто од овие мали слободни библиотеки.

Каде е местото на српската книженост во европскиот и светски простор. Дали таа доволно се преведува и се презентира?

Секако дека српската книжевност за деца заслужува повеќе простор во светската книжевност. Имам среќа да живеам во време кога во Србија навистина има голем број сјајни писатели за деца. Затоа добро би ни дошла некоја значајна светска награда за да се сврти вниманието на бројните писатели за деца. Ова се однесува и на писателите во регионот, а не само во Србија.

ЗА АВТОРОТ

Елементи

Елементи

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 13

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ