Во сите твои романи се занимаваш најмногу со женски теми. Дали се сметаш себеси за феминистка?
Не би се согласила дека најмногу се занимавам со женски теми затоа што во моите романи еднакво, ако не и повеќе се застапени и „машки теми“, а и главни машки ликови-наратори низ чиј поглед и свест се открива нивниот свет, како и светот што ги опкружува. Па така, не би се впуштала во категоризации затоа што би било неблагодарно тоа да го правам јас за своето творештво и својот книжевен профил, а и затоа што сметам дека се ограничувачки.
„Одбројување“ беше храбар роман кој нам на читателите ни ја претстави новата книжевна вобуда наречена Фросина Пармаковска. Кои се твоите следни имаганитавини полиња?
Имагинацијата е непредвидлива и токму во тоа е нејзината убавина - не знаеме каде ќе нѐ одведе и што сѐ ќе ни открие таму. Она што е сигурно, останувам во романот како форма, а во овој период сѐ уште го пуштам, го ослободувам и јас се ослободувам од „Сѐ уште можам нешто да сторам“. Така е со секој роман - по патувањето со ликовите во нивниот свет кое е трае повеќе од една година колку што е кај мене процесот на пишување, потребно е време да ги пуштите, да се разделите...
По „Романот на годината“ еве оваа година пристигна и „Рациновото признание“ за твојот последен роман „Се уште можам нешто да сторам“. Колку ти значат наградите и дали според тебе се тие вистински репер за квалитетот на едно книжевно дело?
Наградите се секако добредојдени затоа што ја популаризиираат книгата, но и ги актуелизираат прашањата и проблемите со кои таа се занимва, ги прават повидливи и им даваат глас. Наградите можат секако да бидат репер за квалитетот на едно книжевно дело, покрај останатите фактори, како оценките на книжевната критика, приемот кај читателската публика, преводите итн...
Кои се твоите книжевни примери, кои големи авторски имиња се твои книжевни водилки?
Достоевски, Памук, Ружди, Фаулс, Урошевиќ.
Дали Фросина Пармаковска помислила и на тоа да напише нешто и во друг книжевен род: поезија, драма, есеј?
Романот е местото каде што најудобно, најсигурно и најудобно се чувствувам. Освен тоа, понекогаш пишувам и книжевно-критички текстови.
Каде е македонската книжевност во Европската и светската книжевна мапа и дали македоснките автори се доволно преведувани?
Македонската книжевност се обидува да засвети на една поширока книжевна мапа но има многу поголем потенцијал од тој што е искористен досега, имаме одлични книги кои, за жал, остануваат на овој простор, во овие мали рамки на нашта книжевна сцена. Па така, преводот на македонски книжевни дела останува да биде еден од најголемите проблеми но и предизвици со кои треба да се позанимаваат културните институции во државава.
Што би била писателката Фросина Пармакобвска кога не би била писателка и дали некој друг уметнички жанр го бранува твојот духовен живот?
Сакам музика, но пред сѐ да ја слушам, да откривам нова, да ѝ се навраќам на старата. Никогаш немам пишувано роман без да слушам музика. А доколку се вратам во времето и доколку не би била писателка, би пробала да играм снукер.
Елементи