Деа Видовиќ, директорка на фондацијата „Култура нова“ од Хрватска, беше задолжена за водење на програмата на петтиот и последен ден на Академијата за литературен менаџмент и промоција на преводите.Главните теми на нејзиното предавање се однесуваа на создавањето услови за дијалог при креирањето на политиките и создавањето културни политики со учество на колку што е можно повеќе учесници во процесот. Во вториот дел од својата сесија, Видовиќ ја организираше работилницата „Како да се завршуваат работите“, инспирирана од концептот „сè е можно“. Програмата беше затворена со претставувањето на фестивалот Струшки вечери на поезија. Фестивалот го претстави директорот Тодорче Тасевски. Во своето излагање, Тасевски ги претстави клучните аспекти на фестивалот, кој е најстариот меѓународен поетски фестивал, основан во 1962 година, и претставува главен културен настан во градот Струга.Академијата за литературен менаџмент и промоција на преводите е дел од проектот Balkan Translations Collider, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.
Елементи