Elementi Logo

ЗАВРШИ 34. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО

26/08/2022
Backgorund

Со интернационалното поетско читање „Поезија ‒ Залез“ што неделата,
на 21 август се одржа во тремот на црквата „Успение на Пресвета
Богородица“ во с. Велестово, заврши 34. издание на „Поетската ноќ во
Велестово“. Манифестацијата започна во петокот со поетски портрет на
Лидија Димковска и изложба на Никола Пијанманов. Музички настап
имаше Горан Папаз, настанот го модерираше Марина Димовска, а беседа за
творештвото на Димковска одржа Сашо Огненовски.

На трите фестивалски дена, се одржаа повеќе поетски читања на кои
учествува и поетите Ким Симонсен (Фарски Острови), Алеш Мустар
(Словенија), Мањола Наси (Албанија), Селахатин Јолгиден (Турција),
Валентина Бакти (Србија), Диме Данов, Ана Голејшка Џикова, Зоран
Јакимоски и Јулијана Величковска од Македонија.

Во рамки на фестивалот се одржа и работилница за кретивно пишување
и иновативно интерпретирање поезија со учество на млади од Охрид и
регионот, како и ученици од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“,
во рамки на проектот „OH READ ‒ Поетски викенд и работилница за млади
од регионот“ поддржан од програмата на РЕАД (Регионална Мрежа за
Културна Разновидност) и Европската Унија.

Манифестацијата беше помогната и од Министерството за култура, од
Општина Охрид, од Комерцијална банка АД Скопје и други спонзори и
пријатели на манифестацијата.

 

 

 

 

 

ЗА АВТОРОТ

Елементи

Елементи

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 14

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ