Она што е највозбудливо во оваа академија е присуството на различните теми и аспекти на литературниот менаџмент, како и промовирањето на преводите како круцијален дел од создавањето видливост на делата од „малите“ јазици во пошироки рамки.
Четвртиот ден беше посветен на културните политики, културната дипломатија и „извозот“ на книжевните дела.
Јана Генова од „Некс пејџ“ во своето воведно излагање ја потцрта улогата на министерствата за култура и националните агенции за книга како главни актери во воспоставувањето комуникацијата при креирањето културни политики. Во оваа сесија онлајн се појавија Рената Замида од Словенија, поранешна директорка на Јавната агенција за книга, како и Андреј Ловшин, претставник на фондацијата Традуки.
Рената Замида имаше опширно излагање за факторите што влијаат во воспоставувањето комуникации кога станува збор за промовирањето на преводите. Имено, таа зборуваше за улогата на фондациите чија поддршка е наменета првенствено на тоа да се намалат економските ризици при изработката на книгите, ја истакна потребата од силно вмрежување на економските чинители и инфраструктурата, како и на тоа дека во целата оваа мрежа парите не се најважни. Цврстата релација меѓу авторите, преведувачите, издавачите и поддршката се препознавањето на квалитетната литература без влијанието на престижот со достојно валоризирање на самиот продукт. Од особена важност е да се детерминираат улогите на оние што ја прават политиката, оние што ја воспоставуваат флексибилноста, оние што ја креираат иновацијата во комуникациите, како и на оние што ја прават оваа мрежа видлива. Ги спомена „Некс пејџ“ и Традуки како значајни при формирањето на културната дипломатија со поддршката на преводите од „малите“ јазици, истакнувајќи ја исклучително значајната поврзаност на државните институции како што се министарствата со невладиниот сектор. Конечно, еден од најважните фактори е и вмрежувањето на книжарниците и библиотеките, релации кои ги прават достапни сите книжевни продукти од различни поднебја.
Андреј Ловшин ја истакна улогата на Традуки за време на десетте години од неговото постоење во кои се поддржани голем број преводи од „малите“ јазици, но и успехот да се одолее на престижот и влијанието на политиката при одлучувањето за кое говореше дека не е на принцип на гласање, туку на принцип на согласност.
Покрај Замида и Ловшин кои се појавија онлајн, на оваа сесија присуствуваше и Фари Лачка од новоосновата институција Националниот центар за книга во Тирана со повеќе активности поврзани со промовирањето на преводите и книгите. Центарот е основан од страна на Министерството за култура на Албанија. Негово мислење е дека преведувачите се врвот на пирамидата и дека речиси сите земји од овој регион се соочуваат со исти проблеми при циркулацијата на преводи и изданија, Институциите од ваков вид треба да имаат силни соработници и тој чинител е од особена важност. Секако, се осврна и на малата излезеност на големите саеми на книгата како оние во Франкфурт и Лајпциг. Тој забележа дека многу од преводите на албански јазик се низ посредни, трети јазици и дека само големите држави како што се Гермнија, Италија и Франција преведуваат директно од албански јазик. Дискусијата ги донесе заклучоците дека квалитетот на книгите се од особена важност со тоа што комерцијаните дела кои можат да бидат самофинансирани не можат да ја имаат поддршката како другите.
Вториот дел од сесијата беше посветен на писателката Ивана Бодрожиќ чии дела се преведени на шеснаесет јазици. Таа говореше за нејзиното искуство со пласирањето на нејзините дела, за потребата од агент кој направил голем пресврт во нејзиниот креативен живот, за неодложното присуство на саемите, но и за исклучителната важност при промовирањето на делата. Таа укажа на тоа дека голем дел од преводите се инцидентни, но и на хаосот во аплицирањето на издавачките куќи кон фондовите. Фондовите се од исклучителна важност, но многу е важна посветеноста на преведувачот, рече таа истакнувјќи дека имала различни искуства со преведувачи посветени и недоволно посветени на преводот на нејзините дела. Во книжевниот свет нема комуникации без писателите, беше една од нејзинте најважни изјави.
Четвртиот ден од ова аакадемија отвори многу значајни сегменти во видливоста и циркулирањето на преводите, промовирањето на авторите и достапноста до оној кому се тие дела најмногу наменети – читателот.
Елементи