Пепи Стамков е роден на 7.6.1999 во Скопје, иако целиот живот го поминал во Гевгелија, каде завршил основно и средно образование. Дипломирал во 2023., на Катедрата за македонска книжевност и култура, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Пишува поезија, есеи и книжевна критика. Неговите песни се објавени во стихозбирките „Метрички карван“, во електронското списание „Репер“, како и во најстарото македонско книжевно списание „Современот“ (каде, покрај песните, објавил неколку есеи). Коорганизатор е на второто издание на фестивалот „Коронијалс“. Добитник е на наградата „Блаже Конески“ која ја доделува Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, за есеј на тема: „Раскажувачкото мајсторство на Блаже Конески“.
Килави долговиНаплатните рампи кријат многу повеќеод борци за здив.Средбите со семејствата што патуваатспротивно од првозапалениот огансе наивна рутинашто им ги...