Elementi Logo

АВТОР: Лана Деркач

Објави од Лана Деркач
Backgorund

Лана Деркач

ЛАНА ДЕРКАЧ е современа хрватска авторка. Родена е во Пожега, 1969 година. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Загреб. Пишува поезија, проза, драми и есеи. Нејзината оригиналност е препознаена и е вклучена во антологии, панорами и зборници во земјата и во странство. Учествувала на познати меѓународни поетски фестивали и книжевни настани, меѓу кои на: Меѓународен поетски фестивал (Хрватска); Стихот во регионот (Хрватска); Струшки вечери на поезијата (Македонија); Поетски ноќи на Куртеа де Арџеш (Романија); Светско поетско читање во Куала Лумпур (Малезија); Критија, Меѓународен поетски фестивал (Индија); Саем на книгата во Гвадалахара (Мексико); Лириконфест (Словенија); Меѓународна поетска средба (Кипар); Меѓународен фестивал Поетски пазар во Валона – Брисел (Белгија); Меѓународен поетски фестивал во Гранада (Никарагва); Медитеранска поетска средба во Мдику (Мароко); Стокхолмски меѓународен поетски фестивал (Шведска); Меѓународен фестивал на славјанска поезија во Твер (Русија); Ратковиќеви вечери на поезијата (Црна Гора) и други Нејзини текстови се преведени на 20 јазици (англиски, шпански, француски, арапски, шведски, германски, италијански, португалски, руски, полски, унгарски, чешки, албански, македонски, кинески, оришки, малајски, романски, бугарски, словенечки). Авторка е на деветнаесет изданија, од кои: десет поетски книги, две книги со кратки раскази, една книга со драмски дела, еден роман, една книга со есеи, како и четири поетски избори објавени во Гвадалахара (заедно со Давор Шалат), Брисел, Тунис и во Бијело Поље (Црна Гора). Освен тоа, има приредено две посебни изданија: Каирос во Загреб (избор од поезијата на Меѓународниот поетски фестивал; во Хрватска, заедно со Давор Шалат); и Third Word, (Третиот збор, поетски избор од Меѓународниот фестивал во Калкута, заедно со индискиот писател Тахом Поил Раџеван). Меѓу поважните награди што ги има добиено се: Хрватска книжевна награда „Здравко Пуцак“ за необјавена поетска книга на автор помлад од 30 години, доделена од Матица хрватска во Карловац за книгата Касичка за сенки, 1999 година; Награда за најдобра книга со песни на славонски автор „Духовна дабрава“, доделена на Поетските средби во Дреновци за истата книга, 2000 година; Награда „Ристо Ратковиќ“ за најдобра поетска книга во регионот (Црна Гора, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина) за книгата Посвојување на небото, 2016 година.

НАВИВАЧИ

  НАВИВАЧИ Додека стоиме на ливадата, врапците се во честарот.Нивните широки народни маси ѕиркаат од гранките.Ти се причинува дека навиваат жестоко. Следатфудба...

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 14

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ