Скопје тоне во жешка кома
од Ана Голејшка Џикова (од „Напишан дом“, Антолог)
Скопје тоне во жешка кома,
никој не ги чека весниците со сласт,
Шприцерот се меша за да ги олади гревовите
Асфалтот гори од незауздана страст.
Во месарниците, срцата се најкрваво изложени пред очите на минувачите
Немојте, си велам
додека гледам
како боси по крвта на овоз град пешачите.
Морето овде е силна фатаморгана пиркането ветре е за да се најдеш во муабет
Чашката ракиа е продолжена рака на ноќта
Некој истури корпа сништа
од небово без марифет.
Си седам така на балкон,
комарците играат комар и се оближуваат.
Што сме ние, граду мој сиров
Освен оган и вода што се доближуваат?
Ана Голејшка Џикова, поетеса. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блазеж Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Посветен е социјален активист на иницијативата #ретвитни оброк. Авторка е на две поетски збирки: „Љубов на улица“ и „Слобода А“. Преведена е на спски, турски и англиски јазик.