Ми се пожали:
„Не можам веќе вака.“
„Како?“, ја прашав.
„Сама сум. Ми треба маж.“
„Зошто ми го кажуваш тоа мене. Јас сум оженет. И не сакам да си ја мамам жената.“
„Не го мислев тоа. Ми треба маж за стално. Ми треба маж.“
„Најди го.“
„Како та да е лесно. Јас сум вдовица. Имам две деца.“
„Има полоши работи.“
„Најди ми некок.“
„Кого?“
„Маж.“
„Јас не сум ниту стројник, нитуагенција за познанства.“
„Кај нас нема такво нешто. Зарем не знаеш некој слободен?“
„Знам, но …“
„Што „но“?
„Не е некој …“
„Не е важна убавината. Нека биде барем малку симпатичен.“
„Во ред. Ќе го прашам. Ако те интересира, ќе ти јавам. Тогаш ти ќе ми кажеш кога да се најдете и каде.“
„Ти благодарам многу.“
„Не заблагодарувај се однапред.“
Прашав еден познаник. Имаше шетириест, а вдовицата триесет. Тој никогаш не се женел. Беше заинтересиран. Многу.
Тоа и го пренесов на вдовицата, Беше задоволна. Многу.
Ми кажа кога да се најдат и каде.
Тој дојде. Дојде на договореното место и во договореното време. Дојде и чекаше.
Таа не доаѓаше. Тој и пнатаму чекаше.
Беше тешко да се чека. Беше зима. Паѓаше снег. Тој чекаше и трепереше.
Чекаше половина час. Чекаше цел час. Потоа си замина.
Утредента од него дознав дека таа не дошла.
Ја побарав. Ја прашав зошто не дошла.
„Ти реков. Сакам да е барем малку симпатичен. Овој не бепе ни малку симпатичен.“
„Значи, ти сепак беше таму.“
„Да, го видов …“
„Го виде и не му се јави. Глуости!“
Таа молчеше.
Тогаш јас и реков:
„Тоа не беше тој.“
„Не разбирам. Како не беше тој?“
„Тоа не беше оној со кого што сакав да те запознаам.“
„Не? А кој беше тогаш тој?“
„Неговиот слуга.“
„Слуга?“
„Да. Тој е многу богат …“
„Навистина?“
„И убав… Го испрати својот слуга за да види каква си.“
„Тој не ме виде. Кажи му повторно да дојде.“
„Кој? Тој или слугата?“
„Тој. Ако не може, нека дојде слугата. Нека види колку сум убава.“
„Нам веќе да дојде. Ни едниот ни другиот.“
„Зошто? Зарем се налути што не се јавив?“
„Тоа не е причината. Причината е тоа што ти не си убава. Што не с ни малку симпатична.“
„Но, како може тој тоа да го заклучи? Не ме виде? Добр знаеш дека тоа не е вистина. Да ме видеше не би кажал така!“
„Не те виде, но ме праша мене. Јас му реков веќе да не доаѓа. Ни едниот ни другиот. Затоа што не си убава. Затоа што не си ниту симпатична.“
„Зошто го кажа тоа. Зошто лажеше?“
„Затоа што не дојде. Затоа што ме налути. Затоа што гарантирав за тебе. Затоа што ја изневерив неговата доверба. Затоа што испаднав будала.“
„Не. Уште не е доцна. Ќе го исправиме тоа.“
„Доцна е.“
Лажев. Зарем таа поверува во приказната за богаташот и слугата?
Си замина. Поверувала или не, сигурне сум дека во иднина ќе ме сретне само случајно.
ЖАРКО МИЛЕНИЌ (1961), хрватски поет, прозаист и драмски писател. магистрирал на руска книжевност и компаративистика на инстражувачкиот универзитет во Москва каде што го работи и својот докторат. Автор е на голем број романи, збирки раскази, драми: Спомен, Заслужни граѓани, Чувари на мачки, Сите мои вдовици, Стари деца итн. Наградуван за книжевност и преведување во БиХ, Хрватска, Македонија, Кина и Ирак.