Elementi Logo

ПАКРАЦ

Backgorund

ПАКРАЦ

5

Жана беше вљубена во мене. Бев свесен за тоа, но тоа го сметав за нормално. Мислев дека нема ништо необично во тоа и дека секоја девојка и дека секоја девојка би се вљубила во мене, ако мене би ми било грижа за неа. Ја повикав да ж7ивере кај мене, таа профати безмерно среќна. Ми даваше повеќе пари од коллку што му плаќаше на доскорешниот газда, покрај тоа готвеше и за двајцата, переше и го суредуваше станот. Не умеев да го ценам тоа. Обоживаше да шета по цел ден низ станот само по црни хулахопки и по краток волнен џемпер облечен врз голото тело. Во секој момент беше расположена за водење љубов, но избегнуваше перверзни игри и експреименти. Иако, кога би инсистирал на нив, би прифатила податно. Сега не можам да верувам дека ме сакаше таа убава, слободна, искрена девојка, се прашувам што видела во мене. Бев тесниград, конзервативен, уплашен... И сега сум сето тоа, но сум свесен за своите маани и се трудам да ги сокријам пред другите. Тогаш се расфрлав со нив, доживувајќи ги како да се особини што ги поседуваат умните и карактерни мажи, притоа внимателни.

 

Јас и Ира седевме долго на клупата во паркот и молчевме. Постар клошар мочаше до едно дрво. Одеднаш Ира од својата ќеса извади темносин картонски регистратор за документи со кутија и го прекина текот на моите мисли. Ми го пружи без збор. Кутијата беше залепена со сива леплива лента вкрсо, така што регистраторот не можеше да с еизвлече додека лентата не се одлепи или нер се пресече. Сакав да ја прашам Ира што да правам со тоа. 

Чувај ми го ова, ми рече, како да знаеше за што размислувам. Единствено во тебе имам доверба. 

Во мене!, си помислив, ужаснат. Оа, со какви луѓе живееш ти, дете? Секако, ништо од тоа не кажав налас. Ми беше жал за таа девојка. 

Не грижи се за мене, рече и ме прегрна. Пепи, таа ги читаше моите мисли.

Имав намера и покрај искажаната блискост, или токму заради неа, да го одбијам регостраторот и да и признаам дека сум доушник на инспекторот Васовиќ. Тогаш сфатив дека Ира тоа сигурно го знае и дека, пкрај тоа, ми верува мене. Тоа ме тргна, го прифатив пруженото.

Те молам, немој некокј да дојде до содржината од регистраторот , ми рече. Ме гледаше право в очи. Во тој миг бев спременд а го дадам животот за исполнување на поставената задача. Тоа што таа сметаше дека документите се сигурни единствено кај мене, за мене беше голема чест. Барем во времето додека седев на клупата на паркот кај Вуковиот споменик, малку подоцна таа чест не ја дожував за толкава.

Ми даде и ќеса со рачки. Го ставив регистраторот во ќесата, внимателно како во него да има експлозивна направа. Секако, не ја прашав какви документи се наоѓаат во регистраторот. Имав впечаток дека изгледаше побезгрижно отколку кога се сретнавме. 

 

Потоа зборувавме уште долго. Ми кажуваше нашироко за симулацијата на се и сешто кај нас.

По работ од паркот имаше стебла од високи дрвја со мноштво гнезда во гранките, а во централниот делс е наоѓаа џуџерсти дрвја. Нашата клупа беше во добра состојба. Ногарките и беа од метал и беа обоени во црно, горниот врв од предната ногарка имаше облик на топка, преминуваше покрај дрвениот басамак и беше погоден да се стави дланката на него. Покрај таа клупа се наоѓаа две канти за отпадоци. Зад нашите грбови имаше четири големи зимзелени џбунови. Повремено ќе се свртев да проверам дали некој сокриен во нив не посматра и не прислушкува. Ни пред нас немаше причина за додатно внимание. Обата просветители носеа сандали. Едниот од нив седеше и држеше отворена книга во скутот, додека другиот стоеше зад него со раката положена врз рамото од пријателот. Погледите имс е стопуваа во еден на страницата од книгата. На главата на овиј што стоеше одвреме навреме ќе слетаа гулаби. Се прашував кој од нив е кирил, а кој Методиј, и зошто се секогаш заедно.

Заради тоа и нашите животи постанаа симулација на животот!, се разговруваше мојата поизнаничка. Најпосле постана онаа старата Ира. Се удираше со дланката по градите. Јас не можам да се помирам со тоа.

 

Од романот „Пакрац“ во издание на Лагуна, Белград, 2023

 

Превод од српски јазик: Сашо Огненовски

 

ЗА АВТОРОТ

Владан Матијевиќ

Владан Матијевиќ (1962, Чачак) ги објавил книгите: Не реметејќи ја пропаста (песни, 1991), Надвор од контрола (роман, 1995, нова верзија 2021) , Прилично мртов (раскази, 2000, Награда на Андриќ), Писател оддалеку (роман, 2003, Нинова награда), Часови на радост (роман, 2006), Многу мала светлина (роман, 2010, награди: „Меша Селимовиќ“ , „Борисав Станковиќ“ и „Исидора Секулиќ“), Мемоари, амнезија (есеи, 2012, награди: „Петар Кочиќ“ и „Кочиќево перо“), Пристаништа (раскази, 2014, награда: „Стеван Сремац“), Средба под необични околности (роман, 2016), Слобода на говорот (роман, 2020) и Пакрац (роман, 2023, Награда за победник во Белград). Добитник е на наградата „Рамонда Србика“ во 2019 година за целокупниот книжевен опус и значаен придонес во литературата и културата. Добитник е и на наградата „Златен крст на принцот Лазар“ во 2023 година за целокупното книжевно творештво. Градскиот театар во Чачак во 2023 година премиерно ја изведе претставата „Слобода на говорот“ работена според неговиот истоимен роман. Преведен е на англиски, француски, германски, шпански, италијански и македонски јазик.

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 14

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ