Elementi Logo

ГОЛЕМИОТ СКАНДАЛ

Backgorund
I - 2:
Лондон повикува
 
Внатре, во возот, се отвори нова реалност. Росана Бемба го имити­ раше гласот на разгласот кој објавуваше за нејзиното патување. Со два прста елегантно си ја намести косата стоејќи во ходникот.
Возот е долг и уреден, таа патува во првата класа. Првин на стакло­ то од вратата мораше да трепне по скенирањето на зениците, го пријави својот стаrус на патник и потоа ја допре картата на екранот...
Зад неа и пред неа не смееше да се качуваат нови луѓе додека таа не заврши. Со мобилниот апарат во раката минува низ ходникот, ѕирка со носот низ отворените врати. Росана Бемба патува во мир. Кабините беа полупразни, на седиштата оддалечени од најмалку еден метар има­ше патници.
Ја загледуваа, од под левата мишка и излегуваше вистински весник. Беше обичен дигитален дневен лист, но не локален rуку фран­ цуски. Завиткан на пола имаше задача да ги известува своите ценети читатели за бојата на карпите за валкан веш во Франција и во светот. Со носталгија се сеќаваше на тие корпи, од нив вадеше чаршафи и ги прос­ тираше да се сушат на парното кога сrудираше. Врз логото, откриено до пола на предната страница, беше испи­ шано името на весникот: "Liberation". Стоеше како огромен наслов со бели печатни букви залепени врз црвен ромб, се истакнуваше како соло точка: ,,Ослободување". Одвај чекаше да седне и да го прочита.




Ги стисна посилно пазувите, следеше портокалови броеви и бук­ ви на купеата. Врз ѕидовите на долгиот климатизиран ходник насекаде имаше вградени мали монитори со заоблено стакло, кои прикажуваа внатрешна темпера'I)'ра, егзотични плажи и средновековни замоци. Неа повеќе и паѓаа во очи оние исклучените, расипаните, оние што не работат. Беа исцртани со шарени миниграфити по екраните и напр­ снатите стакла. На еден од нив прочита „London calling to the faraway towns, how war is declared and battle coming down."• Го извади телефонот и текстот го сними како фото и видео. Го зачува и го испрати во порака. Во насловот стави Најпрuјателскu. Испратено.
Без притисок.
Купето во прва класа со бр. 091 ја пречека празно, проветрено и широко отворено. Конечно седна.

 

*

 

Уште не поаѓа. Патничката Росана Бемба најпрвин го тргна од вратот ременот со своето име. Во прва класа не мораше да го носи ако не
сака. Удобно и е на седиштето, мирно си ги мазни хулахопките во месо боја, ги визуелизира пределите кои допрва ќе ги мине.
Седи до прозорецот, секогаш седнува до прозорец дури и при ка­ менување на возило. Одмавна со главата, во Лондон нема такво нешто. Врз големото стакло се рефлектираа локации што светкаа од огро­ мните табли. Ги читаше на глас, на кокни: ,Manchester, Hastings, Liverpool".
Во Хејстингс никогаш не била, името го препозна по капетанот Хејстингс од Скотланд Јард. На фамозниот писател Ap'l}'P Конан Дојл.
Ах, Англија секогаш и делуваше толку посебна, како од сказна, со големи перони за паралелно паркирање. Неа и пасуваше како ракавица,
неисечена на прстите, свилена. Ја вадеше само кога јаде „фиш ен чипс" во паб бидејќи риба и помфрит се јадат со раце.
Англија и беше драга и поради пивото. На Росана најмногу и се допаѓаше еден лесен лагер со етикета со ликот на кралицата. Редовно ги следеше животите на о'l}'Ѓените монарси, и приватно и службено. На памет ги знаеше нивните негувани лица, знаеше какви фризури носат, со кого заспиваат и со кого се будат.
Кога имаше прилика да седи спроти нив, се восхитуваше на нив­ ните манири на трпеза, ним им беа вродени, неа и беа тешко научени.
Но, кога седеше на иста маса со нив, таа разлика не се забележуваше. Им беше еднаква.
Росана Бемба ќе ги напушти Англичаните за осумнаесет минути, така и пишува на дисплејот во купето. За тоа време ќе фотографира.

 

*

 

Телефонот го исправи со двете раце и кликна на камера. Пред но­ сот и се појави мета низ која ловеше раздвижени лица. Со палецот при­
тисна на фокус и сликна низ прозорот. Се намурти. Наместо направена слика се појави размрдано слушалче за дојдовен повик кое нервозно и
вибрираше во дланката.
,,Штета", се местеше цела минута да го замрзне токму тој кадар. Зачуван е сигурно некаде, ова е паметен уред. Слушалката за повик ви­ брира со сета сила, а над неа само фотографија, без лице и тело. Тоа е црвено знаменце, со сино во средината, се вееше врз екранот со размер 1:2. Й свети пресилно.
Во средината има златни птици, орли. Не можеше да се види дали се работи за еден двоглав орел или се два орла. Росана порано распола­ гаше со тој податок, но сега и беше заборавен. Ја стисна вилицата, ги ококори очите и насмеана го прифати повикот.
Ако некој од далеку ја гледа, ќе му изгледа како да шепоти сама со себе.
„На Трокадеро. Ок. Во паркот. Ок. Може да се спуштиме и до Сена. Што знам, да шетнеме кај мостот... Знаеш кај оној новиот, деветтиот?
Ок. Ќе се симнам. Мхм, на нашата клупа. Ок. Ти земи кафе, ти. Ок.
ЗА АВТОРОТ

Сања Трпковска

Сања Трпковска е македонска авторка која пишува на повеќе јазици. Посветена е на создавање проза што го спојува современиот литературен тон со кинематографски израз. Во своето творештво често ги истражува темите на идентитетот и сеќавањата, сместени во и вон балканските пејзажи. Романот „Големиот Скандал“ е нејзинот прв објавен роман за „Фуснота“. Вториот ракопис „Реквием на тацна“, беше избран меѓу финалните три ракописи на конкурсот „Новите“ (2023). Расказот „ПАС-АПОРТ“ беше објавен во рамките на конкурсот за краток расказ Бибер 04 (2021), на македонски, српски и албански јазик, додека расказот „The Powder Lady“, напишан на англиски јазик, беше нејзина прво-рангирана авантура за 2024 година пласирајќи се на листата „Coverfly Red List“.

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 17

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ