Сања Трпковска е македонска авторка која пишува на повеќе јазици. Посветена е на создавање проза што го спојува современиот литературен тон со кинематографски израз. Во своето творештво често ги истражува темите на идентитетот и сеќавањата, сместени во и вон балканските пејзажи. Романот „Големиот Скандал“ е нејзинот прв објавен роман за „Фуснота“. Вториот ракопис „Реквием на тацна“, беше избран меѓу финалните три ракописи на конкурсот „Новите“ (2023). Расказот „ПАС-АПОРТ“ беше објавен во рамките на конкурсот за краток расказ Бибер 04 (2021), на македонски, српски и албански јазик, додека расказот „The Powder Lady“, напишан на англиски јазик, беше нејзина прво-рангирана авантура за 2024 година пласирајќи се на листата „Coverfly Red List“.
I - 2: Лондон повикува Внатре, во возот, се отвори нова реалност. Росана Бемба го имити раше гласот на разгласот кој објавуваше за нејзиното патување. Со два прс...