Поглавје 1
„Мојот живот заврши тогаш кога требеше да почне“.
Тоа беше првата мисла што пролета низ главата на Ратко она саботно утро непосредно по своеото будење. Ни самиот не знаеше како дозво-ли да му се случи тоа. Веројатно не беше ни свесен, сѐ додека не поч-на да тоне подлабоко и подлабоко. За сѐ што му се случуваше успева-ше да најде оправдување. Тоа оправдување најчесто се состоеше од варијација на два збора: ЉУБОВ и СУДБИНА. Упорно бараше одго-вор на тоа прашање, но никако не можеше да најде.
Ништо не навестуваше дека ова утро ќе биде поинакво од сите вообичаени утра.
Ги отвори очите и ги спушти нозете на подот. Главата му беше измешана како да мешал цедевита во утрински часови. Му се врти, а центарот за рамнотежа сепак е во ред. Нешто е чудно. Седи на својата страна од креветот, а до него жената што ја сака. Жената што отсеко-гаш ја сакал. До него мајката на неговите деца. А тие не се овде. Оти-дени по белиот свет секој да ја бара својата среќа. Или својата проклетија. Се врти накај неа, својата женичка. Таа е легната врз пер-ницата завртена на другата страна. Нејзината долга коса паднала врз лицето и ѝ го покрива, при што ѝ прави на неа некаква дополнителна сенка или можеби топлина. Ја гледа како спие. Го прави она што го правел и порано. Уживаше да ја гледа како спие. И сега ја гледа како спие, но не со истото уживање. Дури и со доза на гадење. Таа е во длабок сон и не е свесна за ништо. Не ни помислува да ја разбуди. Нека поспие. Нека се одмори. Тоа што Ратко нема сон, во никој случај не е причина и неа да ја остави без сон.
Полека се измолкнува од креветот, прилично неволно и со тешки чекори. Ги облекува влеч-ките што стојат до неговата страна на креветот и се истегнува. Излегува на терасичката за да го фати воздух и да погледне надвор. Не гледа ништо особено. Згради. И паркче пред зградата. Ги гледа клупите наредени, зеленага тревичка, дрвцата шест на број кои придоне-суваат за задржување на сенка и чешмичка среде тоа парче зеленило. Го чувствува свежиот воздух. Вдишува. Издишува. Затвора очи за да се ослободи од некои нешта. Некои нешта што го притискаат веќе извесно време. Повтроно пецкање во градите и чудна тапа болка која кратко трае. Како ритуал што се повторува.
Не може да си објасни зошто е тоа така. Ова се случува последните два - три месеци.
Веројатно сѐ започна токму тогаш, кога една случајна средба (за жал не во живо) промени сѐ. Ги изнесе на површина сите работи што биле добро чувани и долго време потиснувани. Судбина. Не можеш да ја избегнеш, но можеш да ја ублажиш.
Ратко си лежеше на троседот некое саботно попладне додека одмара-ше после вообичаените активности што подразбираат средување на домот, пазарење и ред други домашни обврски. Реши да си даде од-дишка и овој пат да не пали цигара. Наместо тоа го зема мобилниот телефон и се вклучи на Инстаграм. Друштвена мрежа која ја има има-ше отворено многу одамна. Годините си минуваа, но нештата не се менуваа. Ретко се вклучуваше на Инстаграм затоа што немаше многу време, а и кога беше со Ратка, неговата сакана сопруга телефонот беше на најдалечното можно место. Овој пат се погоди да не биде со Ратка и веќе да има ис-пушено и повеќе од доволно цигари. Ко по обичај, Ратка беше негде излезена со другарките. Барем така му веле-ше на него. Ратко ги знаеше нејзините другарки и немаше никаков проблем со тоа. Само во тие исклучителни случаи, и тоа кога праве-ше пауза од раскревање и сре-дување на домот, можеше да си дозволи на ѕирне што се случува на Инстаграм. Ратко имаше изгубено допир со стварноста. Не знаеше што се случува ниту во градот, а уште помалку во државата. Вести речиси и да не гледаше, а излегувањето беше само по потреба. До пазар, до маркет, да плати сметки... и секако да оди на работа. Тоа беше сѐ. Инстаграмот му овозможуваше колку толку да биде во тек со нештата и од време на време да излезе од својот затворен меур.
Почна да гледа што се случува на Инстаграм со таква жед и лакомост. Одамна не беше излегол од својот свет. Во глобала и немаше нешто што можеше да го привлече неговото внимание. Сѐ му беше некако еднолично. И само што реши да прекине и да се врати на работата што ја беше започнал... бум. Пред него се појави профилот на Горан. Тоа му го привлече вниманието и реши да остане уште малку.
Можам да си дозволам уште неколку минути да го погледнам профи-лот на Горан. И онака одамна го немам видено никаде. Како во земја да пропаднал. Градов и не е толку голем, но веројатно е доловно голем за да не сокрие еден од друг.
Додуша, јас и не се движам многу по градот. Одам на неколку лока-ции и сето тоа е локално. Во населбава имам речиси сѐ што ми треба. Работата ми е релативно блиску, па на работа најчесто одам пешки или можеби со точак во пролетните денови. Во зима одам со автомо-бил и тоа кога е слободен.
Вниманието особено му го привлече една фотографија. На неа Горан (лесно беше човек да го познае Горан, иако се беше променил. Поми-наа години и години) сликан со жена му и неговите три деца. Изгледаат среќно. Сите собрани заедно.
Му падна криво за миг. И мала доза на љубомора.
Зошто моите деца не се овде? Нештата можеа да бидат поинакви.
Му изгледаа толку среќно на сликата. Како тој на времето. Обично не е љубоморен на никого и на ништо, но сега нешто како да се случи. Оттогаш започна сѐ.
Ратко излезе од спалната и отиде во дневната за да го направи утрин-скиот ритуал. Обично за викендите оди во дневната, седнува на тро-седот, се фаќа за далечинскиот и штрака по каналите. Махинално си направи кафе, но забележа дека нема цигари. Го остави кафето на масичката, ладното нематено нескафе и пребара да не случајно оста-нала некоја цигара. Ни за лек. Потоа го провери фрижидерот. Време е да се наполни.
Отиде во бањата да се измие. Беше само сенка од она што бил некогаш. Неговата црна виткана коса, сѐ уште беше виткана, но сега беше бела и личеше на Дедо Мраз. Немаше време да се фарба или да се средува. На работа веќе го познаваа како белокос. Во последно време гледаше и некое проретчување, но можеби само му се причи-нуваше. Брадата му беше порасната и тоа прилично дотса, така што потсетуваше на ваквиот опис. Костенливите очи како да го губеа сја-јот. Дебелата усна и големиот нос си беа останати од времето. Брчки-те само го дополнуваа декорот. Ушите се беа зголемиле. Веќе имаше наполнето педесет и девет години. Набрзина се изми, се облече и излезе од дома. Со себе ја понесе количката за пазарење.
Беше само осум часот наутро...
Додека го чекаше лифтот размислуваше за денот што претстои.
„Ќе треба да се средува станот. Јас пак ќе морам да го сторам тоа. Ако чекам на мојата женичка да мрдне со прст, ќе се изначекам. По-прво ќе се утепам од кивање од прашината што ќе се создаде отколку таа да се сети. За такви работи некако не е баш досетлива. Не ѝ смета ако е „малку нечисто“ или имало два слоја пршаина.
Денот беше тмурен. Ништо добро не ветуваше. Саботно тмурно утро. И Ратко беше тмурен.
Всушнсот мамурен. Како да немаше сила. Некако се довклечка до влезот на маркетот. Го изградија пред неколку години. Иначе Ратко секој викенд или можеби еднаш на две недели одеше до другите населби или до центарот со кола да испазари.
Влезе во маркетот. Ја зема големата корпа и знаеше дека ќе ја натова-ри, иако веќе неколку години живеат само тие двајцата, сепак има доста за пазарење. Последен пат пазареше пред две недели. Речиси сите залихи беа потрошени. Ратко ја имаше таа чест да докупува или да пазари кога нешто ќе снема, затоа што Ратка и не беше баш сна-олива во пазарењето. Беше презафатена со работа. Градеше кариера. Бидејќи сакаше да биде успешна, Ратко никогаш ништо не ѝ рече ниту ѝ префрли. Го зеде на себе целиот товар како глава на семејство-го. Знаеше дека ќе биде тешко, но реши да издржи и издржа. Успеа. Причина за жртвата - неговите деца.
Прво отиде кај овошјето и зеленчукот виде дека нема ништо што би можел да земе. Ќе треба утре да претрча до пазар. Најверојатно таму има свежо овошје и зеленчук. Потоа почна да разгледува по рафто-вите. Зема сол и сакаше да земе шеќер но се премисли. Веќе подолго време не користи шеќер и треба да зема само за Ратка. А Ратка може да преживее без шеќер иако сака благо кафе. Почнува да глуми нешто во последно време. Сепак, реши дека ќе го земам шеќерот. Не беше сосем сигурен дека имаат дома. Кој ќе ја слуша Ратка ако нема шеќер. А и цената не му е многу висока. Поднослива е. И онака има долг рок на траење. Продолжи да гледа по рафтовите. Зема црвен пипер, земав оригано, бибер. Скоро сите овие зачини ги немаа по дома или пак беа на раб да се потрошат. Потоа зема чубрица, коријандер, маројан, зема ловор, најде и цимет. Му требаше за едни колачиња што сакаше да ги прави. Сите беа наредени едно до друго, па за многу кратко време ги стави во корпа. Земав и босилек, магдонос, куркума, кари. Како што гледаше кон зачините, јасно му беше дека дома нема речиси ништо. Зема карамфилче, пашканат, ким, кимион, земав и сушен зеленчук (вегета), земав хималаиска сол, сусам, лебни трошки. Изборот го надополни со нане. Корпата беше преполна со зачини. Ратка не би можела да разликува босилек од магдонос. Или црвен пипер од буковец. Таа не ни знае што сѐ има во кујната. Добро е што станот не им е голем, па знае каде се наоѓа кујната.
Продолжи да оди низ полиците. Зема лимонов сок, кечап и мајонез. Зема канче со павлака, зема нешто лиснато и некои замрзнати меша-вини од зеленчук, зема салама, кашкавал, сирење. Зема две шишиња вода и два сока во случај некој да дојде на гости. Потоа зема шпа-гети, претрча да земе риба и исто така зема и мелено месо. За среќа најде кромид, па зема и тоа. Зема хартија за во бањата и хартија за во кујната. Потоа отиде кон одделот за одржување на домот и ја дона-полни количката со различни средства за чистење на домот, за кадата за шољата, за отнување одводи и слично. Потоа зема јогурт и млеко. Зема и валажни марамчи-ња. Потоа отиде кај делот за хигиена и зема паста за заби, зема сапун со мирис на роза и еден течен. Потоа си зема дезодоранс. Зема и за жена му (знаеше која ѝ е омилена марка). Веднаш до нив имаше и некакви шминки. Некакви пудри, некакви лабела и што ли уште не. Зема пудра, сенка за очи, издолжувач на трепки, кармин. Исто така зема и лосион за лице за негп и за неа. Зема и памукчиња. Најде регенератор за коса кој го користи и го зема (веќе отрпна на сѐ) исто и боја за коса. Потоа зема и шампон. И да биде иронијата поголема зема и влошки. Потоа претрча зема црвено вино, зема пиво и зема шише ракија.
Отиде на касата. За некое чудо имаше прилично луѓе таму. Тој беше седмиот. Среќна седмица.
ИГОР ЛОЗАНОСКИ (1990), македонски поет и раскажувач. Дипломирал на економскиот факултет во Скопје. Автор е на поетските збирки Барок и романтизам и Плодовите на минатото, као и на збирката раскази Сончогледите гледаат на запад и Исповед на еден телевизор за која ја доби наградата „Новите“ на издавачката куќа „Темплум“ од Скопје.