ЗАД ЗАКЛУЧЕНАТА ВРАТА
Самотијата ја отвора огромната уста
дише гласно и чкрипи со забите
го симнувам клучот од ланчето
со страв да не ја разбудам.
ПРАЗНИЧНА ВЕЧЕР ВО МОЈОТ ДОМ
Денот ме турка: мисли, оди зборувај
навечер, тивката среќа ја раскинува кавгата
окото бега едно од друго
ушите би ги шамарале образите
левата рака и префрлува на десната
што се ракувала со него
желудникот вика престанете
а прв со започнал стрелањето
собирањата започнуваат со восхитување
а веќе, прегрнувајќи се, ги вадиме бодежите.
ВО НОВОГОДИШНАТА НОЌ
Зборував со родителите преку телефон
сè додека не рекоа убаво да си поминеш
кога пријателите престанаа да се јавуваат и да честитаат
ја намалив музиката на радиото
изнајмената гарсоњера ја исполнува топлина
од отворената рерна во која нема ништо
СЕВЕРНАТА СТРАНА НА СОЛИТЕРОТ
Мојата соба повраќа фустани
одгледува пајаци и исушено цвеќе
отсекогаш е грда, но и во неа
се смееја луѓето
сега ме обвинува мене
а јас само седам
во чекалната покрај која
не поминуваат возови.
МОИТЕ РОДНИНИ
Рано остаруваат
па целиот живот
се баби.
постојано зборуваат
за мажите
кои не постојат.
немаат љубовници
но редовно ги кршат
другите заповеди.
Љиљана Сретеновиќ Радовиќ *Краљево, 1996), пишува поезија и приза, се занимава со аналогна фотографија. Како авторка е застапена во бројни зборници на поезија, списанија и на поетските портали. Во 2013 година ја објавува поетската збирка „Мали лелеави самоубиства“, в0 2015 книгата проза 221 ден“, во 2017 година кратките раскази „Госпоѓа Бре и други раскази“, во 2024 година поетската збирка 2Северната страна на солитерот“ (Друштво на книжевници и книжевни преведувачи – Ниш) Фотографиите ги изложувала на Годишната изложба во КЦ Рибница, Краљево, 2021, на 16 и 17 Меѓународно биенале на уметноста на минијатури БИАМТ во Темишвар во 2022 година и на Колективната изложба Рефлексија, Уметниковиот отисок, Бето Форд, Белград, 2022. Живее и работи во Земун.