Elementi Logo

Backgorund

ПРВО

Паѓаат бомби од небото

Авиони кружат околу ргадот.

 

Соседот на терасата 

Прави кругови од чад,

 

Сите во куќата,

Во круг на колена.

 

Си заминаа.

 

Сега ги слушам само допирите

На тркалезните зрна,

Од бабиниот теспих.

 

ВТОРО

Црно, трошно, 

Некротично,

Не допир од нож нечувствително

Гангренозно стапало.

 

Пациентот кој викајќи скокнува

Од хируршката маса.

 

Како да се знае границата на резот

Меѓу мртвото и живото ткиво?

  • Почетокот на живото е почеток на болката.



СЕДМО

Во Пазар

Имаат 

Уверувања

Чудни

Две.

 

Прво

Дека секој

Мејт е добар.

 

Второ

Дека е добар

Оној

Што молчи,

 

Во Пазар ете,

Добра е само

 

Затворената уста.



ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТО

Пронајдов УСБ картичка од Александрија.



ТРИЕСЕТ И ПЕТТО

На собирот на политичките партии,

Гужва, 

Жештина.

 

Падна еден член.

 

За среќа –

Сите во таа сала

Беа лекари.



ПЕДЕСЕТ И ШЕСТО

По долго време

Ја променив

Куќата, улицата и градот.

 

Ме гледаат таму луѓето

Подозриво

 

Постара госпоѓа 

Ми речечовечно:

Не сум Ве видела овде порано.

 

Ниту јас Вас.



ШЕЕСЕТТО

Во телото немири

 

Цревата кркорат –

Откако желудникот владее,

Настапува голема глад.

 

Валста се нуди на срцето.

Тоа потскокнува повеќе пати.

 

Јазикот побрзува и ја придобива власта,

Но му излетува збор, па го изгубува.

 

Во телото започнува војна

И победата ја однесува вратот,

Кој ја врти главата 

И го смирува телото.

 

Препев од српски јазик: Сашо Огненовски

 

ЗА АВТОРОТ

Харис Плојовиќ

Харис Плојовиќ е роден 1996 година во Нови Пазар, Санџак, Србија каде што завршил основно училиште и гимназија. Во 2014 година ја објавил својата прва книга поезија “Окови“, како матурант на гимназијата. Во 2021 година завршил медицински фаултет во Белград. Во 2023 година ја објави својата втора поетска збирка „Теспих“ закоја добил две награди: 25 ноември во Сараево и „Аладин Лукач“ во Нови Пазар. Објавувал песни во списанијата Сент и Екерман. Работи во Општаата болмница во Нови Пазар како специјализант по хирургија. Оженет е и татко на едно дете.

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 15

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ