Elementi Logo

НАМЕСТО ВРАТА

Backgorund

НАМЕСТО ВРАТА

во преминот до спалната соба

сакам да поставиш 

завеса од дрвени монистра

со боја на брусница во грмушките

да ги совладаш лесно со телото

додека се обидуваат да те задржат

 

ПРЕМИНУВАЊЕ НА УБАВИТЕ ЦРТИ ВО СУРОВИ

со мајсторството на трепетот

твоето лице станува тврдина

ги затегнуваш лаковите на веѓите,

ги собираш усните

за веќе да нема место

за ножните прсти

ниту за нешто за што да се фатам

за да можам 

да ти се качам на носот

 

ДОДЕКА ТРАЕ ЦРВЕНОТО СВЕТЛО

возеше СУВ Волво

на средниот прст носеше црвен рубин

косата ѝ паѓаше на огромните гради

кои ѕиркаа од набрчканата маичка

и создаваа сцена на судар на бродови

 

НАСЛЕДСТВО

твојата мајка не се сеќава на дијалектот

ги спакува фотографиите на својата родбина

во кутија

само дневните светлини на милето

уште долго ќе останат исти

 

ЗА АВТОРОТ

Марија Живковиќ Фатимарија

Марија Живковиќ Фатимарија (Белград, 1990), песните и се објавувани на интернет порталите човек-списание, Астронаут.ба, Версификувано, спсиание за култура и општествени теми Авлија, во регионалниот зборник Ракописи бр. 42, 43, 44, Хаику весник бр. 38, како и во други зборници на регионална поезија. Пккрај поезијата сака да создава кратки композиции на клавир, инспириани од филмот и видео игрите. Во 2023 година објавена е нејзината прва поетска збирка „И левораките се ракуваат со десна“ (СКЦ, Крагуеевац) Завршила правен факултет во Белград каде што живее и работи.

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 15

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ