Elementi Logo

ТУКА

Backgorund

ТУКА

 

НАГОСТИН

Во музејот на древна Кина

некаде длабоко во модерната Кина

група од стотина будистички монахињи

(можеби од Тибет)

се спушта по посетата

низ подвижните скали

 

Изгледаат како делегација од црвени ружи

букети испратени од друга планета

кои некои токму заради бојата

сигурно ќе ги протолкуваат како

славење на едно единствено знаме

 

Повеќето од нив на лицата држат маски

против труењето од локалниот воздух

загаденоста е голема

 

Но се спуштаат спокојно со избричени глави

и се смеат со детска смеа

па понекогаш си ги покриваат устите со дланките

како тие маски да не се тука

туку само соочување

со другиот свет кое секогаш те прави

сосема гол




МЕСЕЧЕВА ПЕСНА

Пред постелата јасна месечина,

тоа иње ли ја прекрила земјата?

Ли Таи По

 

Сакав да ја сретнам

песната на Ли Таи По во градот Вухан

и ја затекнав како вози електричен мотор

заштитена од ветрот со шарено јорганче

и го стиска мобилниот телефон

во џебот до срцето

 

А во мобилниот телефон

целиот живот

мислите

имотот

иографијата

ДНК

 

А потем ја видов како се качува

на седумсдесеттиот кат од пустиот солитер

во морето од другите седумдесетокатни

и оттаму пушта еден извик

(а може тоа бил крик)

но никој не ја слуша

 

Ја сретнав и во купот цвеќе

што го носеа кинеските деца

кои знаат да го свират секој жив

и нежив инструмент

 

како и во две се уште живи пајки

кои се нишаа на стапот

преку рамото на кинескиот дедо

на пешачкиот премин на сред

десеттомилионскиот град.

Испишуваше невидливи идеограми

на оние места 

каде тоа најмалку би го очекувал

и самиот Ли По.

 

Нејзиното тркалезно лице

подѕирнуваше како Месечината

за миг симнато меѓу луѓето

зад џиновската краставица

со чудни печурки и слатки кртоли

 

и ја заблеснуваше самотијата на сите души

истркалани вечно истркалани

низ огромните градови

 

Вухан, Кина, ноември, 2019

(Од поетската збирка „Тука“ во зидание на Архипелаг, Белград, 2023)

Препев од српски јазик:

Сашо Огненовски

 

ЗА АВТОРОТ

Ана Ристовиќ

Ана Ристовиќ е родена на 5 април 1972 година во Белград, каде што дипломирала српска книжевност и јазик со општа книжевност на Филолошкиот факултет, Универзитет во Белград. Нејзините песни се преведени на бројни јазици и се застапени во неколку домашни и странски антологии, а поединечни книги се преведени на германски, словенечки, унгарски и словачки јазик. Таа е преведувачка од словенечки јазик, од кој досега превела околу 30 книги современа словенечка проза и поезија. Живее во Белград. Членка е на Здружението на книжевни преведувачи на Србија, на Српското книжевно друштво, на ПЕН Центарот на Србија и почесен член на Словенечкото друштво на писатели (од 2010 година). Награди и признанија Награда Бранко за книгата „Сонувачка вода“, 1994 година. Награда Бранко Миљковиќ за книгата „Забава за мрзливи ќерки“, 2000 година. Награда на Саемот на книгата Игало за книгата „Забава за мрзливи ќерки“, 2000 година. Германска награда „Хуберт Бурда Прес“ за млада европска поезија, 2005 година. Награда Милица Стојадиновиќ Српкиња, за збирката П. С., 2010 година. Награда Дис, за поезија, 2014 година. Награда Десанка Максимовиќ, 2018 година. Награда Васко Попа за стихозбирката Тука, 2024 година. Дела: Сонлива вода, Книжевна младина на Србија, Пегаз, Белград, 1994 г. Јаже од песокот, Градац, Чачак, 1997 г. Забава за ќерките без работа, Рад, Белград, 1999 г. Животот на разгледница, Платон, Белград, 2003 г. Околу нула, Национална библиотека „Стефан Првовенчани“, Краљево, 2006. [побаруван извор] P. S. (избрани песни), Народна библиотека „Стефан Првовенчани“, Краљево, 2009 г. Метеорски отпад, Културен центар на Нови Сад, Нови Сад, 2013 година. Нешто свети, (избрани и нови песни), Градска библиотека „Владислав Петковиќ Дис“, Чачак, 2014 година. Чистина, Архипелаг, Белград, 2015 година. Раце во ракута, Архипелаг, Белград, 2019 година. Избрани песни, Фондација „Десанка Максимовиќ“, Национална библиотека на Србија, Белград, 2019 година. Тука, Архипелаг, Белград, 2023 година.[4]

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 17

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ