Elementi Logo

МОЖЕБИ ВТОРНИК

Backgorund

МОЖЕБИ ВТОРНИК

Оној ден кога умре твојата љубов

мачката спиеше на мене, 

ме чуваше од тоа сознание.

Беше на работа.

Оној ден кога умре твојата љубов

кучињата дојдоа да се галат,

ме прегрнуваа со поглед.

Работеше до доцна.

Оној ден кога умре твојата љубов

ме повикаа пријателите,

ми испраќаа срца и смешни клипови.

Не стигна да пишеш.

Оној ден кога умре твојата љубов

јас тоа не го ни забележав,

затоа што беше ден како и секој друг.

 

ЉУБИВТА Е СЛЕПА

Ти се лупи таванот во бањата,

но сè уште не е време за средување.

Капи чешмата во натрупаната кујна,

но сега не е време за средување.

Се шири мувла околу прозорците, но не е време за средување.

Сакаш да средиш сè, а не дел по дел

и секако не сега, зашто не е време.

Но сè или нешто секогаш води во

ништо.

 

Почна и војната.

Се очекува криза.

Дури сега не е време.

Бабините ормари се држат

иако ги прегазило времето

уште не им е време.

Барем не се гнили, како рамката на терасата

од која паднало стакло.

Беше невреме.

 

Можеше некој да настрада.

Но пошто за врската се стараш како и за домот,

настрадав само јас.

 

ИСТО

Пропуштив уште еден ден

фантазирајќи дека сум со тебе.

Си замислував

каде сè можевме да одиме

само да не се разделевме

а се разделивме заради сите оние денови

што ги поминав фантазирајќи

каде сè можевме да одиме.

 

Препев од српски јазик: Сашо Огненовски

 

ЗА АВТОРОТ

Гала Одановиќ

Гала Одановиќ (1987, Белград) Димпломирала српска книжевност и јазик со општа книжевност. Објавувала проза во списанијата Светот на зборовите и Максим, како и на бројни интернет портали. Ја освоила третата нагарада „Мак Диздар“ за необјавена прва книга поезија, а сега зад себе има две објавени збирки – Ладнокрвно (ДКСГ, 2022) и Ролеркостер (2023)

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 15

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ