Elementi Logo

МОРЕ УМОР

Backgorund

Развив стравови низ кои мора да се протнам
за да земам примерок од твојата болка,
да ја истражам,
и конечно нарекувајќи те море умор,
да ја расеам во тебе урната со пепел
од овој растлеан ден што си оди.
Јас знам дека твоето лице
ќе истече од рацеве,
и дека некогаш, некаде ќе те најдам
во снеговите што доцнат.
Ќе мирисаш на раѓање,
ќе те земам без плач,
и ќе те одгледувам
до следното губење.

 
ЗА АВТОРОТ

Јосип Коцев

ЈОСИП КОЦЕВ (1985), македонски поет. Дипломирал на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Работи во областа на маркетингот и комуникациите. Автор на поетските збирки: Јас, Квентин Скриблер, Напишана тишина, Сега е најдолгото никогаш, Музеј на чувствата. Бил во најтесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата.

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 21

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ