Elementi Logo

КОЈ ЌЕ МИ ГО ДОНЕСЕ ГЛАСОТ

Backgorund

КОЈ ЌЕ МИ ГО ДОНЕСЕ ГЛАСОТ

Сред балкан со отворени порти
Чекам
Една година
Еден век
Една пепелава година
Една испустена година
Една глува година
Јас чекам
Вековна чекачка
Годината не се поместува
Заглавена е меѓу сказалките
Зла самовила во зол час
Јас чекамжа никаде гулаби писмоносци
Поштарите убиени од чума
Гледам од отворени порти
Врз тревата пепел
Врз лисјата пепел
Кој ќе ми го донесе гласот

ГАСЕЊЕ НА ДЕНОТ
Ништо не се движи
Освен децата што растат
Никој не мрда лево
Ни десно
И не знаат да мразат
Но знаат
Да ги сопнат своите нозе
Го гасат денот на пладне
И еден зрак што му се гуди на хелиос
На свој начин го користат селаните
Го прават стамболски фенер
И идат по еден слепец
И ти ми велиш ќе биде светлина
И јас ти верувам
(Од книгата Камена месечина, Менора – Скопје 1998 г.)

ТРИСТАН НЕМА ДА СЕ ВРАТИ
Музата исушена како бреслика
Мрачно е наоколу
Изворот до не
Сув
Дали ќе дојде пролетта
Тогаш рекоа ќе дојде
Заедно со тристан
Ама и устата и грлото ми се суви
Како ќе пеам
Ако дојде тристан
По утрото денот се познава
Тристан нема да дојде
Како би дошол
Кога пролетта не дава знаци
Кога нимфа бреслика е сува
И изворот
Исушен

КОЈ ГО ИСЕЧЕ СВЕТИОТ ЈАВОР

О боже го исекле светиот јавор
Ја убиле и песната на птиците
Во грмушки
Кој господе
Кој го исече

Кој ли фрлил нозе на чафки
Сплет на коси
И отпадоци н Хрпии
Меѓу високите јасики

А портретот на страшниот минотаур
На светиот присој
Како копилето пред туѓа врата
Да лебди тука
Пред нашите дилеми
Кој ли го оставил

Што ли е тој чад што талка
Како сив облак на хоризонтот
Освојувајќи го пространството на светата шума
И покривајќи ги со црно разубавените сништа
Со содржини на љубовни песни

Кој ли ги гаси вака светулките
Што ги пишуваат светитет пораки
На венците на дабовите
Каде обесиле јроговани
Како жртви за аполон

Каде лиу изчезна музиката на растенијата
Што доаѓа со појава на зората
И со инсектите што се будат
Меѓу тревки и меѓу лисја

Господе имињата на хероите
Ги ставиле пред трупецот за жртвување
Тие имиња што ѕунат во свеста
Какко камбаните во тивката ноќ
Кога се гради и се промовира новата црква
Во горна река

И во синтаксата некој агзи
Со калливи опинци
А песната на константин
Изчезнала

Види види
И во паметењето некој чепка
И нешто тоа го каса

Кој ли го исекол светото дрво
Кој ли ги исушил изворите под калето
И кој ја посла ткаенината на разочарувањето

ОПШТИ ИМЕНКИ
Се влечат нишки на општи именки
Ооено во портокалово
По безизлезни врвици
Со невидлоива самодоверба
Низ жолто-црните падини
Полни со пискоти

Чекорат со кренати и сонаведнати глави
Во димензијата на апсурдот
Плескаат со нозете низ кал и сивило
Јуришаат кон неможното
И се сопнуваат на исечени дрвја
И се држат по шилести карпи
На работ на бездната

Маршираат кон угорницата
Покриена со пепел
Меѓу високите високите дабови без лисја
Меѓу костен што го докрајчила болеста

Чекорат смело
Продолжуваат низ врвицата
А од далеку камбаните одекнуваат
За минливоста и за селото без момчиња

Потоа се пласти пред нив
Заборавот каде го сместуваат ѓерѓ
Го пцујат наим
Газат по летните цвеќиња
И сакаат нив да ги стават
Во редицата на општите именки

(Од книгата Акцентот паѓа врз Хермес, Макавеј, Скопје 2020г.)

ЗА АВТОРОТ

ЛИНДИТА АХМЕТИ

ЛИНДИТА АХМЕТИ е родена 1973 во Призрен. Се школувала во Скопје, каде што и живее. Нејзините песни се објавени во многу списанија на албански и македонски јазик. Има објавено три збирки песни на албански јазик: „Малини и блуз“ (1993), „Островот Адулар“ (1996) и „Божилак“ (2000). На македонски јазик издадени се збирките песни „Камена месечина“ (1998) и „Син сон“ (2002). Една од најголемите преведувачки од албански на македонски јазик. За својата работа е добиничка на наградата „11 Октомври“ за 2022 година.

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 14

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ