Elementi Logo

Backgorund

КОДОТ „?“

 

Дали пената во криглата пиво,

Исчезнува како знаците крај патот?

Зошто оној човек одспротива,

Постојано оди горе-долу?

 

Кога сонцето ќе зајде, што ќе прави?

Зарем разликите меѓу нас се 

Гледаат подобро под сонцобранот?

Подобро потенки, а поробдо или повеќе?

 

Може ли овој ден да ги избрише

Сите прашања на вљубеното око?

Птицата на врвот на кулата и крстот

Ја гледа ли трошката под показалецот?

 

ДОРЌОЛСКА РЕМИЗА

 

На М.П.

 

На влезот во празното депо,

Закачен скоро за вечноста,

Се лелее како лист во гората,

Гавран цел, гавран и пол.

 

Својата татковина каде ја изгубил.

Ни сега не се знае каде тоа било,

Вчера или силно дури било,

Гавранор црн и уште и пол.

 

Ни за песна сега не се сеќава.

Ветрот нему темпо му поддава.

Го ниша низ сонот слепо.

Некаде лета црното депо.

 

ЗА АВТОРОТ

Слободан Зубановиќ

Работел како уредник за поезија, секретар и оперативен уредник на списанието „Книжевне новине“ (1982–2001). Бил главен и одговорен уредник на списанието за поезија и теорија на поезијата „Пoeзиja“ (1996–2002), како и главен и одговорен уредник на месечникот на Српското книжевно друштво, „Книжевен магазин“ (2001–2010), на кој е еден од иницијаторите и основачите (2000). Член е на Српскиот ПЕН центар. Објавени книги: „Купатило“ (поезија, 1973), „Из заоставштине“ (поезија, 1982), „Домашен дух“ (поезија, 1983), „Репортер“ (поезија, 1986), „Десет песни – десет разговори“ (разговори со српски поети; со Михајло Пантиќ, 1992), „Стратегија на лириката“ (поезија, 1995), „Скок преку сенката“ (есеи, 1995), „Саркофаг“ (поезија, 1998), „Патот до Кареја“ (патопис, 1998), „Море околу Белград“ (записи за белградските поети, 2005), „Слик“ (есеи и статии, 2005), „Save as“ (поезија, 2005), „Дорќолски дисконт“ (избор песни, 2006), „Атлас за Црњански“ (есеи, 2007), „Кога ќе имам 64 години“ (избрани песни, 2008), „Сонети од село“ (поезија, 2009), „Во три и десет за Рума“ (избор песни и раскази, 2011), „Треба да го прочиташ“ (поезија, 2013). Подготвил книги: „За светлината, за нежноста, за мракот“ (избрани и нови песни на Душан Вукајловиќ, постхумно издание; со Милутин Петровиќ, 1995), „Успомени на поезијата“ (избор од модерната српска поезија, 2000), „Соѕвездието на Попа“ (петнаесет години од книжевната награда „Васко Попа“, 2009), „Ти си последен што можеш“ (поеми на Раша Ливада; со Дејан Михајловиќ, 2009), „Од случај до поезија“ (случај „Источница“ на Љ. Симовиќ, 2010). Песните на Слободан Зубановиќ се преведени на англиски, руски, француски, италијански, германски, полски, романски, белоруски, кинески, шведски, словенечки и македонски јазик. Застапен е во многу антологии на поезијата. Добитник е на „Змаевата награда“ (2009), наградата „Десанка Максимовиќ“ за поетско дело и придонес во српската поезија (2007), „Дисовата награда“ за целокупно поетско творештво (2005), наградата за поезија „Васко Попа“ (1998), „Милан Ракиќ“ (1986), „Исидора Секулиќ“ (1983), „Нолитовата награда“ (1995), како и на специјално признание за врвен придонес кон националната култура на Република Србија (2010).

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 14

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ