Ноќва Земјата тивко заплака,
Вжарената Месечина над покривот застана,
На небото заигра една ѕвезда,
Ноќва е нова душа исткаена.
Ноќва приказните одеднаш застанаа,
Се е со горчлива тишина водено,
Ноќва грутката е со среќа чапната,
Зашто детето на тагата е ноќва родено.
Ти што живот ни подари нам,
Љубов силна – за се за замена,
Ти, мајка, робинка и дама,
Од срце стиховите ги откина.
Твојата приказна е уште една само,
Страници лажни животот испишал,
Твојата среќа е далеку, таму,
Со тагата од први денови те пресретнал.
Своите патишта ги бираше самата,
Секој од нив бледило црно,
Трошки светлина, сотанала темнината,
За нешто малку љубов, зрно.
Да суди никој нема право,
Ти нам ни беше водич и спас,
Нека Мајко, нека зборуваат само,
Небото сакало д ане имаш нас.
Ниедна брчка залудна не е,
Ниедна солза пролеана твоја,
Од твоите раце љубов да се пие,
Слава на името твоје, Мајко моја.
Тебе, МАЈКО
(Од поетската книга „Денови што ги нема“, во издание на Либерланд Арт, Белград, 2020)
Препев од српски јазик: Сашо Огненовски
Зоран Петковиќ е роден на 17 јануари 1984 година. во Врање. Дипломирал на Учителскиот факултет во Врање во 2010 година како студент на генерацијата. Наставник е во основно училиште во Земун. Објавил две стихозбирки „Дановите што ги нема“ во 2020 година и „Големиот удар“ во 2024 година. Живее и работи во Белград.