Elementi Logo

СЦЕНА 3

Backgorund

Мери и досега непознат лик за нас АЛЕК (17) подготвуваат некое веганско јадење. Јосип, овојпат ? се наоѓа на Мери, ги снима.

МЕРИ
Алек, ќе ставиме и тиквичка?

АЛЕК
Дааа. Тиквичката ми е, онаа, ептенски…јас ја додавам скоро во секое јадење. Не знам дали сте пробале да ја изрендате. Па тоа е…мх, мх, мх…

МЕРИ
Не сум ја рендала досега. Сега ќе пробам.

Мери ја ренда тиквичката во некое веќе полуподготвено јадење.

АЛЕК
Ау, ова ќе биде бомба, со која се оди во вегански рај.

МЕРИ
Колку убаво кажано.

Во тој момент влегува Лука, се враќа од училиште. Фрла поглед на она што се случува и си влегува во соба.

МЕРИ
Сега сето ова го оставаме да се вари, така?

АЛЕК
Да, не премногу но треба да се вари.

МЕРИ
Се вклучуваме повторно кога јадењето ќе биде спремно за дегустација.
Јоцо, можеш да исклучиш. (на Алек) Мислам дека бевме добри. Јоцо, дај телефонот да видиме коментари.

Мери и Алек гледаат коментари.

АЛЕК
Лелел, види колку срциња имаме.

МЕРИ
Еј, дефинитивно добра одлука што те викнав.

АЛЕК
Јас сум ти најголем фан.

Се смеат двајцата.

МЕРИ
Ајде да замезиме од салаткава дури се вари ручекот. Јоцо, ќе го викнеш Лука?

Мери и Алек седнуваат на масата, доаѓаат и Јоцо и Лука.

МЕРИ
Лука, ова е Алек еден од моите најверни следбеници.

АЛЕК
Најверниот.

Лука и Алек се поздравуваат.

МЕРИ
Решив да воведам малку свежина во видеата и да готвам заедно со оние кои ме поддржуваат.

ЛУКА
Аха…

АЛЕК
Чест ми е што ме викнавте прв.

МЕРИ
Без персирање те молам, па ние сме практично колеги..

Лука и Јосип се погледнуваат меѓусебе на оваа, за нив, претстава.

МЕРИ
Лука, Алек е 4та година.

ЛУКА
Ок.

МЕРИ
Лука е втора.

АЛЕК
Каде учиш?

ЛУКА
Во Броз. Ти?
АЛЕК
Орце.

ЛУКА
Ок. Што ќе ручаме?

АЛЕК
Мој специјалитет, не си пробал вакво нешто. Мислам дека веќе треба да е готово. (на Мери) Смеам јас да го донесам?

МЕРИ
Секако.

ЛУКА
Мамо, кој е овој?

МЕРИ
Ептен фин дечко, нели?

Лука молчи.

МЕРИ
Нели, Јосип?

ЈОСИП
Се гледа дека сака да готви.

ЛУКА
Сега треба да се преправаме дека уживаме во веган кашата што ќе ни ја донесе?

МЕРИ
Еј, немој нешто да речеш…

Доаѓа Алек со тенџерето.

АЛЕК
Лелле како мириса, па па па. Мери, сме направиле ремек дело. Дозволете.

Алек им става на сите во чинија, па си става на себе. Ги чека другите да почнат први.

АЛЕК
Пробај, Лука.
Лука пробува.

АЛЕК
Кажи?

ЛУКА
Кажувам.

Алек се смее.

АЛЕК
Знам, знам. Рај.

МЕРИ / АЛЕК
Вегански рај.

Се смеат.

Лука и Јосип јадат без некаов ентузијазам, колку да се руча.

МЕРИ
А, каде искачаш ти, Алек? Може одите на исти места со Лука.

АЛЕК
Не излегувам многу, си седам дома и експериментирам со готвење. Пишувам вегански кувар.

МЕРИ
Ауу, браво.

АЛЕК
А, ти Лука не сакаш да готвиш?

ЛУКА
Не.

АЛЕК
Која е твојата страст?

ЛУКА
Шо знам…неам нешто посебно.

АЛЕК
Ау, штета.

МЕРИ
Е како немаш? Музика сала Лука многу.
Лука пробува.

АЛЕК
Кажи?

ЛУКА
Кажувам.

Алек се смее.

АЛЕК
Знам, знам. Рај.

МЕРИ / АЛЕК
Вегански рај.

Се смеат.

Лука и Јосип јадат без некаов ентузијазам, колку да се руча.

МЕРИ
А, каде искачаш ти, Алек? Може одите на исти места со Лука.

АЛЕК
Не излегувам многу, си седам дома и експериментирам со готвење. Пишувам вегански кувар.

МЕРИ
Ауу, браво.

АЛЕК
А, ти Лука не сакаш да готвиш?

ЛУКА
Не.

АЛЕК
Која е твојата страст?

ЛУКА
Шо знам…неам нешто посебно.

АЛЕК
Ау, штета.

МЕРИ
Е како немаш? Музика сала Лука многу.

Мери оди да го испрати Алек.
ЛУКА
(на Јосип)
Дали е ова тоа што мислам дека е?

ЈОСИП
Се надевам не.

ЛУКА
И ти помисли на истото?

ЈОСИП
Да…мислам. Ти на што помисли?

Мери се враќа, задоволна и исполнета, си седнува да дојаде.

ЛУКА
Мамо? Што беше ова?

МЕРИ
Детево е супер.

ЛУКА
Зошто го викна?

МЕРИ
Не ти се допаѓа?

ЛУКА
Како да ми се допаѓа?

МЕРИ
Како? Онака, обично.

ЛУКА
Зошто го викна?

МЕРИ
За да снимаме видео, ти реков. Гледај колку лакови имаме. Полн погодок.

ЛУКА
А, што беше тоа со точаците?

МЕРИ
Што? Мислев онака, ако сакате да се дружите.
Лука молчи и ја гледа.

МЕРИ
Што направив?

ЛУКА
Не ми се верува.

МЕРИ
Што? Јоцо?

ЈОСИП
Што Јоцо, објасни му на детето.

МЕРИ
Ама што да објаснам?

ЛУКА
Што има да возам точак со овој?!

МЕРИ
Лука, зошто викаш?

ЛУКА
Зошто ме вадиш од такт.

МЕРИ
Не вози точак ако не сакаш. Не мислев ништо лошо.

ЛУКА
Што мислеше, тоа сакам да знам, мамо!

МЕРИ
Мислев ако сакаш да смениш друштво или да дополниш.

ЛУКА
Или, ми го местиш?

МЕРИ
Лука!

ЛУКА
Кажи ајде. Ми донесе педер дома.

МЕРИ
Лука молчи и ја гледа.

МЕРИ
Што направив?

ЛУКА
Не ми се верува.

МЕРИ
Што? Јоцо?

ЈОСИП
Што Јоцо, објасни му на детето.

МЕРИ
Ама што да објаснам?

ЛУКА
Што има да возам точак со овој?!

МЕРИ
Лука, зошто викаш?

ЛУКА
Зошто ме вадиш од такт.

МЕРИ
Не вози точак ако не сакаш. Не мислев ништо лошо.

ЛУКА
Што мислеше, тоа сакам да знам, мамо!

МЕРИ
Мислев ако сакаш да смениш друштво или да дополниш.

ЛУКА
Или, ми го местиш?

МЕРИ
Лука!

ЛУКА
Кажи ајде. Ми донесе педер дома.

ЗА АВТОРОТ

Ева Камчевска

Ева Камчевска е родена 1983 година. Драматург и сценаристка. Автор на три сценарија за краткометражни и едно за долгометражен филм. Автор е и на неколку драмски текстови од кои поважни се Името е судбина, Остани исправен и оди грациозно и Биолошки часовник. Избраниот е нејзин нов драмски текст.

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 14

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ