Elementi Logo

ПРИСПИВНА ЗА АЛЕКСИЈА РАЈЧИЌ

Backgorund

ПРИСПИВНА ЗА АЛЕКСИЈА РАЈЧИЌ

5. ТАЖАЛЕНКА

ХОР ЖЕНИ
Мајко мила, Стамат падна
Лелеее!
Го уби од син ми кучка
Кој на мајка пари ќе и даде
Кој врата ќе искрши
Кој старци ќе исплаши
Комшиите кој ќе ги поткраднува
Лелееее
О Стамате домаќине
Си бил глупав сине мил
Мајка стара си оставил
Без пензија
Леле
ХОР МАЖИ
Мили браќа падна Стамат
Лелеее
Го уби жена мажот свој
Не се смее тоа освен ова
Мажот своја жена да тепа
И понекогаш да ја убива
Лелеее!
Ој Стамате разбојнику
Си бил глупав, погол од голич
За покојникот се најдобро
Ако добра среќа таа има
На пролетта права вера да има
Да се извлече таа секако нема
Цвеќе на гроб ќе донесеме да има
Ако добра среќа има
Да се извлече таа нема
Да се извлече таа нема
Лелеее!
ХОР ЖЕНИ
Го убила мажот свој
А за срање уште повеќе да има
Тој син некому бил
И можел да биде мој!
Ако добра среќа има
Да се извлече таа нема
Да се извлече таа нема
Лелеее!
ХОР МАЖИ
Да и се суди!
ХОР ЖЕНИ
Да и се суди!
ХОР МАЖИ
Праведно, но строго!
ХОР ЖЕНИ
Казна барем четврт век!
ХОР МАЖИ
Уште подобро би била смрт!
ХОР ЖЕНИ
Уште подобро би била смрт!
ХОР МАЖИ
Алексија Рајчиќ, во одбрана твоја ќе кажеш ли реченица некоја?
АЛЕКСИЈА РАЈЧИЌ
Кога влегов во куќата, кубурата беше обесена на тој ѕид.
И тоа не е редок случај. Всушност, вообичаен по домовите, скоро во секој дом.
Во одбрана своја имам да го кажам само ова: плукам на вашиот закон.
Плукам на вашите домови, на вашите мажи.
Плукам на вас жени.
Во одбрана ќе го чуете од мене само ова:
Ако има вера, среќа
Жртви ќе има полна вреќа.
Можеби и надежта ќе заблеска
Кога секоја маж куршум ќе го затреска.
ХОР ЖЕНИ
Мајко мила, колку луда!
Не се кае, не се плаши!
На смрт! На смрт!
ХОР МАЖИ
Мајко мила, каква курва!
Се опира, ни пркоси!
На смрт!
АЛЕКСИЈА РАЈЧИЌ
Мајко мила, падна Стамат!
Не се каам, мајко мила,
Освен можда, мајко мила
Што порано не го покосив!
Лелеее!

(Молк.)

Нека биде на смрт.

ЗА АВТОРОТ

Ѓорѓе Ќосиќ

Ѓорѓе Ќосиќ, дипломиран магистер драматург. Роден 1996 година во Белград. Во младоста бил аматерски актер во студиото за глума Студио Центар). Основните студии ги завршил на Факултетот за драмски уметности во Белград, насока драматургија, каде што ги добил награди за исклучителни достигнувања од катедрата, Јосип Кулунџиќ и Слободан Селениќ, а потоа и магистерски студии по драматургија, специјализирано за драматургија и филмско пишување на Академијата за драмски уметности во Загреб, каде што ја доби наградата на деканатот за исклучителни достигнувања. Неговата драма “Сега не е јули“ влезе во потесен избор за Стериината награда за 2019 година, а беше јавно читана во Белград, Шабац и Загреб. Добитник е на наградата на Стерииното поѕорје за оригинален домашен драмски текст за 2019/2020 година за драмскиот текст Приспивна за Алексија Рајчиќ, која беше јавно прочитана во Народниот театар во Белград (режија: Ана Григоровиќ), а потоа поставена на сцената Раша Плаовиќ. Како драматург работел во театрите во Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 14

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ