Elementi Logo

РОТКВИЧКИ

Backgorund

ПРВ ДЕЛ

КА ја раскопува земјата и сади роткички. Му приоѓа АВЕ, со себе води двоглава крава.

КА
Ка од, Авер?
АВЕ
Како и вче, Ка. ЈА ВОДАМ КРА. Пасе тре.
КА
Пази, немој да ги пасе ротк што ги садам.
АВЕ
Сум те изневер ли некогаш, драги бра? Во сите овие год, дали исечзала една ротк што си ја посад, а да ја изела мојата кра?
КА
Навис не, бра Аве. Твојата крава е многу цен од од страна на татко Ноно.
АВЕ
Така е. Татко Ноно многу ги цен моите кра.
КА
Кога само би ги ценел и моите роткв, јас би бил посреќен бра.
АВЕ
Ќе биде бра Ка. Ти само стрпл сади роткв, зашто така рече татко Ноно.

Се појавува татко Ноно, како од никаде.

АВЕ
Восхитено. А еве го и нег. Сигурен, како што е сигурн дека ќе излезе сонц!
КА
Сложно. И ќе зајде ист так.
НОНО
Синови мои, а бра меѓу себе, Аве и Ка, има ли зу-зу на хориз?
АВЕ
Н, татко Ноно.
НОНО
Веричката тврда ли ви е, тврд ка ов земј посна?
КА
Да, татко Ноно!
НОНО
А грб ваш, силн?
АВЕ
Силн, како крав моја двоглав!
НОНО
Браво, дец мои. Знаете што треба да прав.
КА
Да, татко Ноно. Еве го мојот дар за денот.
АВЕ
Татко Ноно, еве го мојот дар.

Ка, на татко си Ноно му дава шака свежи ротквички, а Аве му ја отсекува задната нога на кравата. Кравата залалекува болно (со двете глави) клекнува, а потоа и израснува нова нога. Таткото Ноно ги прифаќа даровите.

НОНО
Еве ме, деца, радув. Таткото Ноно јаде месо, но ротквичките не ги ни допира.
КА
Ќ ги пробаш ли моите ротк, татко?
НОНО
Да, син Ка. Но доцна е, кога ќе бид сам.
КА
Скршено. Но барем едн пред мене, ни денес, татко Ноно?
НОНО
Трпен, сине мој.
КА
Но толку се едри и црвени и сјај.
НОНО
Можеб тебе на око, син Ка, но мене не ми бег дека душата мора уште да цвета.
КА
Душата на роткв?
НОНО
Душата на ротк. Дури тогаш тоа ќе биде добар дар. Продолжи да коп, и еднаш твојата вера ќе процвета, а со неа и душата на роткв, Но јас сеедно ќе ги изедам, кога ќе остан сам.
КА
Ти благодар, татко Ноно.
АВЕ
Благодар, татко Ноно.
Бидете вредн, деца. И не заборав: секогаш сум во близин.

Си заминува. Братот Аве продолжува со кравата во близина. Ка копа. Мотиката запнува за нешто. Ка застанува, гледа во дупката, па околу себе, внимателно. Од дупката го вади она на што запнала мотиката, книга, цела, непреполовена надолжно. Ја гледа опчинето, па ја фрла од себе.

ЗА АВТОРОТ

Ѓорѓе Ќосиќ

Ѓорѓе Ќосиќ, дипломиран магистер драматург. Роден 1996 година во Белград. Во младоста бил аматерски актер во студиото за глума Студио Центар). Основните студии ги завршил на Факултетот за драмски уметности во Белград, насока драматургија, каде што ги добил награди за исклучителни достигнувања од катедрата, Јосип Кулунџиќ и Слободан Селениќ, а потоа и магистерски студии по драматургија, специјализирано за драматургија и филмско пишување на Академијата за драмски уметности во Загреб, каде што ја доби наградата на деканатот за исклучителни достигнувања. Неговата драма “Сега не е јули“ влезе во потесен избор за Стериината награда за 2019 година, а беше јавно читана во Белград, Шабац и Загреб. Добитник е на наградата на Стерииното поѕорје за оригинален домашен драмски текст за 2019/2020 година за драмскиот текст Приспивна за Алексија Рајчиќ, која беше јавно прочитана во Народниот театар во Белград (режија: Ана Григоровиќ), а потоа поставена на сцената Раша Плаовиќ. Како драматург работел во театрите во Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ