Elementi Logo

НЕВАЖНА РАБОТА

Backgorund

НЕВАЖНА РАБОТА

секој нерв од моето тело
се грчи
во моментот на невнимание
кога на бутината
ми се спушта дланка
правејќи од мене
уште една неважна работа
која само служи за да
му даде потпора

БЕВМЕ ДОБРИ МОМЦИ

растевме слично
на спротивните страни
од нашиот мал град

запишавме добри школи
трениравме кошарка
од часовите по глума
трчавме на англиски

одвај чекавме да
побегнеме таму
каде што нема да не познаат
љубопитните соседи
што по нас викаа
идеалните синови

мирни како девојчиња
убави и умни
ќе бидат сјајни зетови
ги храбреа нашите мајки
сите тие роднини
што не насетуваа

беа добри момци
некои велат дури и сега

ТАМУ КАДЕ ШТО ЅВЕРОВИТЕ ЈА КОПНАТ ЖЕДТА

бранот
врз морската шир од излижаниот тексас
додека седиме на балконот
и се допираме
само со копнеж и со голо око
пулсира

Препев од српски јазик: Сашо Огненовски

(Од поетската збирка „Бевме добри момци“, Прометеј, 2022, Нови Сад)

ЗА АВТОРОТ

Ѓорѓе Симиќ

Студирал на Факултетот за современи уметности во Белград. Првата стихозбирка „Питоми вулкан“ ја објави со поддршка на издавачот Нова поетика во 2020 година. Збирката беше во потесниот избор за книжевната награда „Србољуб Митиќ“истата година. Учесник и еден од избраните автори на повеќе меѓународни фестивали. Неговите песни се преведени на македонски, англиски и шпански, а објавени се во различни антологии, антологии, списанија и на портали во Србија и регионот. Како дел од драмското студио „Знаци“ работеше на драмски текстови кои неколкупати беа наградувани на Фестивалот на театарски игри за деца и младинци во Белград. Втората стихозбирка „Бевме добри момци“ ја објави во 2022 година за издавачката куќа Прометеј, како дел од едицијата Река библиотека. Главен и одговорен уредник на порталот „Блудни стих“, кој како дел од електронска антологија секој месец објавува избор од регионална љубовна поезија.

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 14

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ