Elementi Logo

ПОЕТЕСА

Backgorund

ПОЕТЕСА
СЦЕНА VI

(Куќа во Врдник. Милица раскажува впечатоци од Виена. Уште
нераспакуван багаж. Ава, Мајката, Катица, Јован, Светозар, Голубан)
СВЕТОЗАР
Само да знаете како не дочекаа, Милка ја држеа како да е принцеза...
ГОЛУБАН
Па кога е навистина принцеза!
МАЈКАТА
Ајде, чедо, зборувај...
МИЛИЦА
Леле, не може да се опише со зборови. Вук и Ана како родители, а запознав
толку знаменити луѓе, добив подароци, не знам што побрзо да раскажам, но
ајде прво да раздадам се што ви испратија.
(Пребарува низ багажот со испратените подароци и ги дава.)
СВЕТОЗАР
А имаше просидба, за малку Милка ќе останеше во Виена. Еден млад
камерјункер сериозно изрази...
КАТИЦА
ПШросидба! Леле, леле, леле!
МАЈКАТА
Доста, Кајо...
СВЕТОЗАР
Да, тој камерјункер...
МИЛИЦА
Престани, Светозар...
СВЕТОЗАР
Што, треба сите да знаат. И владиката црногорски се залета...
АВА

Ајде, ајде, внимавај што зборуваш...
СВЕТОЗАР
Да, Ава, тоа го кажа јавно: да не е во мантија, би ја повел Милица на Цетиње
да биде кнегинка...
КАТИЦА
Ех, тоа не е никаква просидба, туку оразен комплимент, Милка, тој да е
навистина вљубен би му паднала мантијата долу, не би трепнал...
МАЈКАТА
Катерина, дете...
КАТИЦА
Што, Катерина, дете, Катерина, детесите мажи с елицемерни...
АВА
Ајде, ајде, знаеш ти...
КАТИЦА
Ти, Ава, не си, само ти не си...
АВА
Елке, има ли ние да вечераме нешто, патниците се уморни и гладни...
МИЛИЦА
Е, да, ќе имаме гости за бербата. Ќе не посетат Вук и Мина, мојата Виенска
сестра. Ќе видите каков е тоа рајски свет...
(Му дава нарамок книги на Јован)
ЈОВАН
И јас имам радосна вест, фрајла Милице, повелете писмо од печатницат
Медаковиќ, кнегинката Јулија откупила двесте ваши книви, за подарок на
учениците од Србија и Војводина... а тука има и пари...
МИЛИЦА
Ау, татко видете каквоа е таа добродетел, благодарам, а да видите какви
кралски дарови сум добила од неа и од кнезот Михаило, брош и златен
часовник.
(Го покажува накитот)
МАЈКАТА
Леле, убавина, дај мајка да те бакне, сето ова да си го носиш со среќа и да
мис е гордееш.

КАТИЦА
Да се накитиш за свадба.
ЗАТЕМНУВАЊЕ

ЗА АВТОРОТ

Вида Огњеновиќ

ВИДА ОГЊЕНОВИЌ (1941) Основно училиште завршила во Врбас, а гимназија во Сремски Карловци. Дипломирала на Катедрата за општа книжевност на Филолошкиот факултет во Белград во 1963 година, и на Катедрата за режија на Белградската академија за театар, филм и телевизија во 1965 година. Постдипломските студии ги започнала во Париз на Сорбона и го бранела магистерски труд по теорија и практика на Универзитетот во Минесота, САД во 1972 година. Од 1974 до 1979 година работи како асистент во ФДУ во Белград. Во 1977 година била избрана за директорка на Народниот театар во Белград, а по завршувањето на четиригодишниот мандат останала на работата како постојан режисер. Како визитинг професор предавала на универзитетите во Лос Анџелес (USLA), Чикаго (UIC) во периодот од 1981- 1982 година, а како дел од своите предавања, неколку пати ги посетила сите поголеми универзитети во САД како гостин-предавач (1985 г. , 1991, 1997 и 1999 година). Таа е редовен професор на Академијата за уметности во Нови Сад и ја носи титулата почесен професор на Академијата за ликовни уметности и мултимедија во Белград, каде што е и советник на деканот. Нејзиниот режисерски опус опфаќа близу сто театарски претстави, како и голем број телевизиски и радио емисии, од кои многу се базирани на нејзини текстови. Напишала голем број драми, кои биле многупати поставени и изведени, а биле објавени во различни изданија. Како режисерка настапувала во многу театри низ поранешна Југославија (Црна Гора, Словенија, Хрватска), а работела и надвор од нашата земја. Вида Огњеновиќ е претседателка на српскиот ПЕН, а од септември 2012 година е почесен потпретседател на Меѓународниот конгрес на ПЕН. Таа е основач и уметнички директор на театарскиот фестивал „Тврдина“. Преведува од англиски и германски. Една е од основачите на Демократската партија. Била амбасадор во Норвешка во 2001-2006 година. и Данска 2007-2013 година. Добитничка е на голем број на награди: Стериината, Бранко Ќопиќ, Андриќевата награда, Наградата Лаза Костиќ, Стјепан Митров Љубиша и др. Поважни дела: Егоровиот пат, Милева Ајнштајн, Дон Крсто, Посматрач на птиците, Максимум, Прељубници, Куќата на мртвите мириси итн. Преведувана е на англиски, германски, македонски унгарски и други јазици.

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ