Elementi Logo

АВТОР: Вида Огњеновиќ

Објави од Вида Огњеновиќ
Backgorund

Вида Огњеновиќ

ВИДА ОГЊЕНОВИЌ (1941) Основно училиште завршила во Врбас, а гимназија во Сремски Карловци. Дипломирала на Катедрата за општа книжевност на Филолошкиот факултет во Белград во 1963 година, и на Катедрата за режија на Белградската академија за театар, филм и телевизија во 1965 година. Постдипломските студии ги започнала во Париз на Сорбона и го бранела магистерски труд по теорија и практика на Универзитетот во Минесота, САД во 1972 година. Од 1974 до 1979 година работи како асистент во ФДУ во Белград. Во 1977 година била избрана за директорка на Народниот театар во Белград, а по завршувањето на четиригодишниот мандат останала на работата како постојан режисер. Како визитинг професор предавала на универзитетите во Лос Анџелес (USLA), Чикаго (UIC) во периодот од 1981- 1982 година, а како дел од своите предавања, неколку пати ги посетила сите поголеми универзитети во САД како гостин-предавач (1985 г. , 1991, 1997 и 1999 година). Таа е редовен професор на Академијата за уметности во Нови Сад и ја носи титулата почесен професор на Академијата за ликовни уметности и мултимедија во Белград, каде што е и советник на деканот. Нејзиниот режисерски опус опфаќа близу сто театарски претстави, како и голем број телевизиски и радио емисии, од кои многу се базирани на нејзини текстови. Напишала голем број драми, кои биле многупати поставени и изведени, а биле објавени во различни изданија. Како режисерка настапувала во многу театри низ поранешна Југославија (Црна Гора, Словенија, Хрватска), а работела и надвор од нашата земја. Вида Огњеновиќ е претседателка на српскиот ПЕН, а од септември 2012 година е почесен потпретседател на Меѓународниот конгрес на ПЕН. Таа е основач и уметнички директор на театарскиот фестивал „Тврдина“. Преведува од англиски и германски. Една е од основачите на Демократската партија. Била амбасадор во Норвешка во 2001-2006 година. и Данска 2007-2013 година. Добитничка е на голем број на награди: Стериината, Бранко Ќопиќ, Андриќевата награда, Наградата Лаза Костиќ, Стјепан Митров Љубиша и др. Поважни дела: Егоровиот пат, Милева Ајнштајн, Дон Крсто, Посматрач на птиците, Максимум, Прељубници, Куќата на мртвите мириси итн. Преведувана е на англиски, германски, македонски унгарски и други јазици.

ПОЕТЕСА

ПОЕТЕСАСЦЕНА VI (Куќа во Врдник. Милица раскажува впечатоци од Виена. Уштенераспакуван багаж. Ава, Мајката, Катица, Јован, Светозар, Голубан)СВЕТОЗАРСамо да знаете ка...

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 14

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ