Elementi Logo

БИЗАРНО

Backgorund

БИЗАРНО
ВТОРА СЦЕНА
(извадок)

(Мајда се приближува до фотелјата. Го забележува куферот на Ксенија. Го
турка со ногата и седнува во фотелјата наспроти Ксенија. Од кујната
повторно се слуша кршењето.)
МАЈДА
Се плашам да влезам во кујна по него. (На Саша.) Запали ми цигара, те
молам.
(Саша запалува цигара и ѝ ја дава на Мајда. Мајда сака да се заблагодари,
но Ричи влегува. Тој носи голем сендвич во чинија.)
РИЧИ
Можеби, ти ја зафркнав услугата за три и пол луѓе... Мислам седум чинии,
три длабоки, четири плитки... Извинете... Сакаш да ти набодам еден
сендвич? Шунка, сирење, кечап... Мора да јадеш, погледни колку си
ослабнала. Топ форма, креативен предуслов број еден. Каков е тој арогантен
однос кон насмевките? Ајде да ги видиме забите! (Тој ѝ носи сендвич.)
Погледни го како повикува, изеди ме, изеди ме...
МАЈДА
Ти баш сакаш да ти го истурам ова виски.
РИЧИ
О, не. Зачувај ја муницијата за Милан. (Сфаќа дека погрешил, гледа во
Саша.) Мислам, за Саша... Тоа тепање од страст. Мислам љубовни страсти...
(Сега и самиот е збунет.) Мислам, затоа постојам...
КСЕНИЈА
Ричи, би сакал да ми ја покажеш собата, уморна сум.
РИЧИ
Од врата па на дремење. Е, нозе, нозе, зошто сте мои... Ајде да одиме,
Ксенија, в кревет... Чекај, Мајда, дали Саша те запозна со Ксенија? Да ти

ебам, јас сум единствениот со добри манири овде. Виенско школо, истурено
одделение Зајечар. Па, да ги прошириме нашите хоризонти. Мајда, ова е
Ксенија, Ксенија ова е Мајда, запознајте се, бакнете се и тоа е тоа... Ксенија и
јас, како што знаете, ќе спиеме овде. Се надевам дека немаш ништо против.
САША
А што и да имаме, станот и онака е на Милан.
МАЈДА
Саша!
РИЧИ
(На Саша, од штос.) И јас мразам станоиздавачи. (Смеа.)
МАЈДА
(На Ричи.) Девојката чека да и ја покажеш собата 28
РИЧИ
(На Ксенија.) Ах, да, уморни нозе... Ајде да одиме. А куферчеот!? Што ќе
правиме без куферчето? Запукани се многу пари. Да ти ја покажам малата
соба за момент, а потоа конечно да се фрлам на храната. Цревата ми се
залепија за 'рбетот.
(Ксенија го зема својот куфер и оди во гостинската соба со Ричи.)
МАЈДА
(На Саша.) Навистина си одвратен со тие префрлувања дека станот е на
Милан.
Човекот нè прими бесплатно...
САША
Те прими.
МАЈДА
Колку пати треба да ти повторам? Останав сама! Те нема, Саша! Не можам да
живеам сама! Ајде да одиме веднаш одовде в хотел. Еве, утре ќе почнам да
барам стан... Ајде да си одиме одовде...
(Саша ја гледа, а потоа пие.)
МАЈДА
Ти ме навикна, Саша. Ме навикна да бидам зависна од другите...
(Влегува Ричи, поминувајќи во кујната.)

РИЧИ
Мајда, зошто и ти не се вратиш на заслужена попладневна пауза? Знаеш, во
твоите поучните женски списанија пишуваат дека спиењето е необично
важно за модерната деловна жена...
(Мајда ја соблекува влечката и ја фрла кон Ричи. Тој трча во кујната.)
МАЈДА
Сереш бескрајно, логореично чудовиште!
(Мајда станува и оди во својата соба. Влегува Ричи, носејќи чаша млеко.)
РИЧИ
Си замина хаубицата? Човеку, таа е полна со енергија! А овој мојов само
гледа каде е креветот.Пијалоци како смок. Не знам каде ѝ влегува... Ебате,
многу сум уморен, едвај зборувам. И не можам гладен да си легнам, тоа е
тоа. И ти не можеш да заспиеш, а? Да ти ебам адаптација и тоа... Треба да
најдеш некоја работа, да се организираш, да заборавиш на глупости... Прашај
го Милан, може да те вработи за миг. Гледаш како ја вдоми Мајда,
телевизија, маркетинг, добра плата,провизија, гала тезги. Веднаш си друга
личност... А сепак, да го пробаш сендвичот?

Превод од српски јазик: Сашо Огненовски

ЗА АВТОРОТ

Жељко Хубач

Жељко Хубач (Тузла, 19 јули 1967) е српски драматург, театарски критичар, новинар и сценарист. Дипломирал на Електротехничкиот факултет на Универзитетот во Ниш, а потоа драматургија на Факултетот за драмски уметности. Бил член на редакцијата на едицијата Современа српска драма. главен уредник на Театарскиот весник, театарската ревија Премијера плус и уредникот на изданието на театарското списание Театрон во Музејот на театарската уметност на Србија. Неговите драми се играни на сцените на професионалните театри во Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Хрватска.Пишува театарски критики и објавува театарски есеи. Тој е член на Меѓународната асоцијација на театарски критичари и театролози. Учесник е во повеќе домашни и меѓународни проекти од областа на културата и уметноста. Тој е сценарист и автор на неколку ТВ емисии и две драмски серии, продуцирани од телевизиски куќи во Србија и Црна Гора. Работел како дописник за агенцијата Радио Слободна Европа и соработник на списанието Хелсиншка повелба и колумнист за Данас. Тој е член на Независното здружение на новинари на Србија. Бил драматург во Српскиот народен театар во Нови Сад и драматург и уредник на издавачката дејност во Народниот театар во Белград. Награди: Награда за најдобар драмски текст на Фестивалот на професионални театри на Србија „Јоаким Вујиќ“ во 1994 година. Награда Бранислав Нушиќ, двапати Награда за најдобар текст на Фестивалот на куклени театри на Србија во 2002 година. Награда за најдобар комичен текст на Денови на комедијата во 2008 Награда за најдобар современ драмски текст на Театарските средби на БиХ во 2010 година. Награда за најдобар современ драмски текст на Фестивалот на први изведби 2015 година итн Награда на Народниот театар во Белград за уметнички и работен придонес во 2010 година Октомвриска награда на Град Лесковац 2016 година Дела: Бизарно, Сонував дека сум се разбудил и др.

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 14

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ