ИВАНА
Овој ќе биде поинаков.
МИРЕЛА
Кога доаѓа?
ИВАНА
Ќе биде поинаков, го чувствувам тоа.
МИРЕЛА
По тебе ли доаѓа?
ИВАНА
Ги затворам очите и вдишувам длабоко и го чувствувам неговиот машки парфем, замислувам како влегол во Duty Free на некој аеродром во Цирих или во Виена и го зел в раце со своите машки раце и го помирисал.Ја испружил својата силна машка рака кон полицата и го дофатил стакленото шишенце и го ставил во корпата со виски и Тоблероне и тогаш продолжил кон касата и го извадил својот дебел, машки, кожен паричник и ги извадил тенките банкноти. Крупни, тенки евра што лесно паѓаат на пултот, како да се ништо. Педесет, сто, двесте. Никогаш не сум видела банкнота од двесте евра.
МИРЕЛА
Глупачке, немој никогаш да си го кажата тоа пред него.
ИВАНА
Тој ќе биде поинаков, тој кога седи, нему ранемата не му се наведнуваат напред и нему кошулата не му се затегнува под пазувата, тојс еди исправен и испеглан. Тој ќе биде поинаков, нему токата од коланот не го засекува во стомакот и нема сало што се прелева преку фармерките, тврдо, темно, влакнесто сало кое кога легнува преку тебе ти ги притиска коските и органите.
МИРЕЛА
Да ти ги видам ноктите.
ИВАНА
Тој ќе биде поинаков, тој мене ми вели Мала или Малечка, затоа што јас за него сум девојче, јас сум за него нешто што треба да се склупчи во своите раце ид а с есочува, некој кревок и лесен кој му седи во скутот и се привива во вратот, некој толку нежен и кршлив што може да ме собере со едно движење како ѕвончица.
МИРЕЛА
Не можеш да одиш со такви нокти. Не можеш да носиш уредни нокти. Тоа што го имаш ти, тоа се нокти на млада жена млада сопруга. Тоа шт го имаш ти, тие умрени, средени нокти со лак со боја на кожа, тие твои раскалаѓени нокти кои велат јас не морам никому да му ги копам очите, тоа се нокти на кои веќе стои бурмата. Тоа што го имаш ти, девојко, тоа се нокти на госпоѓа која го носи истото презиме со човекот со којшто спие, тоа се самозадоволни нокти кои дишат со мирост на прстенот.
Ти мораш под итно на тоа да залепиш канџи, мали сечила, твоите рачички се швајцарски ножеви кои можат на една коза, иста како тебе да и кажат пријди и првиот пепелник лета кон твојт череп. Тоа се нокти со кои не може да се готви, да се пере и да се копа земја. Тоа се нокти со кои кога потчукнуваш по масата правиш звук како кога гранчињата удираат по прозорецот. Тоа се нокти кои и издолжуваат твоите прсти за а изгледаат како да не си вистинска жена , туку маѓична. Ти си маѓична жена што се појавува и исчезнува, ти си тука и не си тука, ти кога си удрена, тебе не те боли.
ИВАНА
Мене еднаш ми го залепија тоа, и тогаш после кога се избриша тој лесен гел, моите вистински нокти под него беа целосно уништени.
МИРЕЛА
А кому му е грижа за твоите нокти? Кому му е грижа за твоите мали глупави прстиња? Мислиш дека тоа некому му треба? Што ќе правиш ти со твоите мали, бескорисни прсти?
ИВАНА
Рацете на мајка ми сосема испукале и вените секогаш и набабреле и ноктите и огрубеле како некои мали копита. Таа ја зема мојата дланка во својата и ја гали и и вели рачички мои, рачички мои.
МИРЕЛА
Таа коса.
ИВАНА
Косата ми е долга.
МИРЕЛА
Мора подолга.
ИВАНА
Кога е подогла, тогаш ми испукуваат краевите.
МИРАЛА
Јас ти реков, кога ќе ти заблеска прстенот тогаш можеш да бидеш уредна. Дотогаш надоградба.
ИВАНА
Мене тоа мис е одврзува.
МИРЕЛА
Глупачке, кожата може да се надогради со шнолички (?) со јазлење, зашивање, со кератин и микро прстени. Мислиш ли ти дека ние како вид кој пред шеесет години слетал на месечината не сме смислиле начин како мажот да те повлече за косата (?) како кобила, а во раката да не му остане баз(?).
ИВАНА
Јас кај мојот фризер видов клешта како што има мојот брат во работилницата па со неа ги вади искривените шајки, мојот фризер со таа клешта ги прицврстува тие прстени и вели дека тоа го корне.
МИРЕЛА
Корне, влече и ќе помине. Мора да истрпиш.
ИВАНА
Тоа е туѓа коса. Јас се будев во сонот, јас имав кошмари, јас сонував како сум се заплеткала во метри и метери коса од некои жени, сонував како тие мокри влакна се свиткуваат по целото мое тело и по лицето, како кога ќе се затне сливникоти тогаш влечеш и ќе повлечеш некои мали снегулки од сапун и валканици и јас сонував како сум се заплеткувал во метри и метри од сето тоа –
МИРЕЛА
Достам прекини глупачко една. Што ти е грижачија коса е тоа? Мислиш дека на тоа влакнесто кравиште и е грижа за твојата коса? Има да ги закачиш нејзините опашки до крстот за кога ќе се напучиш крајот од косата да ти ги скокотка газовите. Има таа коса така да ја закачиш за како кога ќе ја врзиш опашката да може да те шета како со јамка. Има да ја носиш опашката толку високо на главата за да тис е затегнат очињата како кај мачињата во цртан филм. има да го закачиш тоа косиштето така што кога ќе седнеш да ги прекриеш градите за само да се наѕираат како две ридчиња под тенок слој снег.
ИВАНА
Мене другарките ми рекоа да додадам уште малку во устата, но јас не би сакал да го расипам профилот. Јас мислам дека тоа нему не му се допаѓа, кога девојката претерува во нешто.
МИРЕЛА
Твојата уста треба да биде како мала гума за пливање на надувување, која ќе го чува неговиот пенис, меко и грижливо. Твоите усни се две кришки најсвежи портокали, кои можеш еднаш да ги прободеш со тенка игличка. Твоите усни ги кријат твоите заби со кои ја каснуваш секоја што ќе се приближи на неговиот врат и на неговите нозе и на неговата кола. Твоите усни с еперничиња за неговата брада, твоите усни се криви и се извиваат нагоре и прават вдлабнатина под носот во која можеш да ја чуваш спермата додека не се разводни и не се слее по образите.
ИВАНА
Но, јас мислам дека овој ќе биде поинаков, го чувствувам тоа. Тој наутро го става овошјето во блендерот, тој вели дека пекарата на Србите е братко. Тој е многу духовит и тој кажува нешто така што јас да се изнасмеам до солзи, а тој ми вели види како се кикоти оваа малечкава. Тој со шаката го поттурнува својот другар, се насмевнува и вели види ја.
МИРЕЛА
Леле, глупачке една.
ИВАНА
Тој мисли дека јас сум слатка, јас толку сакам кога тој мене ми вели малечка, јас се плашам дека ако претерам со усните и со ноктите и со косата јас нема веќе нема д абидам девојче. Тој тогаш нема да сака да ме грабне и да ме чува.
МИРЕЛА
Глупачке една, ти не треба да бидеш девојче, туку негово девојче. Ти реба да си газела, елегантна и спремна за борба како шакал. Ти ли волчица и лавица и дури тогаш негова девојка. Ти мислиш дека него го интересираат нежните пубертетски пупки? Тој сака половинче од девојче од кое растат две планети, две дињи, две планини. Тој сака вратот да ти е доволно тесен за да може да го опфати со шаката и од него да се шират малите рамена кои се рамки за две гротескни парчиња пластика, сокриени под твојата мека кожа.
ИВАНА
Мојата мајка има природно големи гради, јас сум на неа. Мене Господ ме погледнал. Јас имав среќа. Тоа е чиста среќа.
МИРЕЛА
Е, глупачке една. Тоа убаво ќе го засечеш и ќе го смалиш и тогаш во нив ќе напикаш нешто што стои исправени и кога стоиш на глава. Ти мислиш дека некому му е грижа за тие гради што ти израснале самите? Ти мислиш дека тоа вреди нешто кога немаат резови кои зборуваат гледај како ме секле за тебе? Види како некој со тенок скалпел ја засекол линиичката на мојата кожа и ги вовлекол кесите со гума преку моите бели дробови? Види како кога јас вдишувам и издишувам на мене стојат овие трофеи што сум ги освоиила затоа што сум била храбра и не сум се плашела. Види како јас за тебе сум легнала на масата за во мене да пикаат предмети и тогаш ме превиткуваа и ми даваа само лекови. Види како не сум плачела, гледај како сум јас твоето храбро девојче.
ИВАНА
Мене другарите ми рекоа дека е сега во мода природен изглед!
МИРЕЛА
Во мода е тоа кога тој ќе се разбуди покрај тебе, а ти изгледаш како да си нашминкана, а да не си нашминкана. Затоа на тие твои очи ќе надоградиш свилени трепки.
ИВАНА
Јас видов како се прави тоа, ти легнуваш во салонот и тогаш со пинцета и со лепило ги налепуваат на твоите постоечки, а јас кога некој сака да ми пријде на окото полудувам.
МИРЕЛА
Слушај ме сега, глупачке една глупава. Кога навечер убаво преку тие твои ни мои ни твои трепки ставиш маската, па еден, па друг, па трет слој. Па тој убаво ти го напикува својот кур в грло се додека не ти се насолзат очите и низ образите не тргнат да ти се слеваат мали црни линиички и кога ќе ја исцедиш целата таа маскара па ќе се измиеш, што мислиш дека наутро ќе те осуни? Слепо куче, крт, морско прасе. Или можеби да не спиеш со лаѓните трепки како некоја воспалена тинејџерка.
ИВАНА
Нема да спијам.
МИРЕЛА
Секако дека нема д аспиеш, туку ќе одиш да се измиеш, а под тие четири слоеви маскара ќе извират преубавите свилени трепки кои наутро ќе го дочекаат како крила од некоја егзотична бубачка. Ме слушаш ли?
ИВАНА
Те слушам. Но, јас навистина мислам дека е тој поинаков. Тој кога оди, тој не ги става рацете во џебовите од палтото, па јас да морамд а се придржувам, тој мене ми ја става раката на половината, како да сум некакво праче и за да можам во свите чевличкид а се сопнам и да го скршам носето, но тоа никогаш нема да се случи затоа што тој ме придржува.
МИРЕЛА
Гуско една ретардирана. Ти треба да стоиш на потпетици како во мартинките. Треба сега да ти ја вклучам штоперицата и да си летнала долу и да се вратиш во дванаесетки, а јас да не сум трепнала со окото. Ти треба низ куќа да одиш боса на прсти, тоа е твојата природна состојба. Ти треба да си толку срасната со потпетиците, за да се збуниш и дапочнеш да ги навлекуваш на рацете. Ти можеш да глумиш дама и да одиш со ситни чекорчиња кога тој ќе ти го насади прстенот на тие твои рачишта и ако морам уште еднаш да ти го повторувам тоа, прво ќе те ѕвекнам. Кога ќе с епојават уште четириесет такви исти како што си ти, ти мораш да можеш да стоиш на тие штиклишта пред него како да си му обезбедување, јасно ли ти е?
ИВАНА
Јасно.
МИРЕЛА
И тие рачички ќе ги истетовираш, за на секоја гуска што ќе те види од дваесет метри да и биде јасно дека милион ситни иглички влегле во таа кожа и дека милион иглички можат да влезат во нивните черепи ако пробаат да му пријдат. Јасно ли ти е?
ИВАНА
Јасно.
МИРЕЛА
Па кога на прстето ќе заблеска прстенот, тогаш можеш да одиш на ласери и да симнуваш тетоважи и да ги прекриваш натписите со ружи и со пеперутки. Јасно ли ти е?
ИВАНА
Јасно.
Сташа Бајац