2.
Татичко за повечерје. Во екранот празнина. Ставил на себе кадифеин зајачки уши и црвен кловновски нос. Станува. Децата со задоволство го следат тоа програмско изобилие. Се смеат, плескаат со рацете, жестоко ги имитираат главите што зборуваат. Дизниленд.
ЕЦИЈА ги менува лончињата под газата за цедење. Откако ја завршува работата, се приближува до телевизорот.
ЕЦИЈА: Убаво се забавувавте, но сега е време за в кревет.
АЛЈОША: Уште малку!
ЕЦИЈА го вади далечинскиот управувач од кутијата и го притиснува копчето. ДАВОР замрзнува. Таа го одмотува плетеното миленце преку екранот.
ЕЦИЈА: Не доаѓа предвид. Утре станувате рано. Имате нулти час.
ДАВОР излегува од екранот и на колена оди во аголот. Зазема собран бусија и ја врти бројаницата под прстите.
АЛЈОША: А приказната?!
МИРТА: Да, читај ни приказни!
АЛЈОША: Те молам, мамичке!
ЕЦИЈА: Добро, добро, ама само една.
Аљоша се качува на горниот кревет. Мирта се склупчува на нејзиниот.
Еција оди во спалната соба. Еден куп преживеани книги се накрева меѓу душекот и ѕидот. Избира една од монографските димензии. Седнува на столот, го чисти грлото и испушта звук како од бајките.
ЕЦИЈА: Еднаш одамна си било едно момче… Имало очи сини како Јадранското море…
На оваа неодолива метафора, главата на Алјоша веднаш се подава од горниот кат.
АЛЈОША: Како мене…?!
ЕЦИЈА: Па исто како тебе.
АЛЈОША: Добро.
Аљоша мирно легнува.
ЕЦИЈА продолжува … а обравчињата му беа како најцрвените јагоди…
Еве го пак.
АЛЈОША: Дали и моите образи се јагоди?
ЕЦИЈА: Душо, тие се најслатките јаготчиња!
МИРТА: Ај, смири се давежу!! Остави ја мама да чита!
Давор таму во аголот само отвора нова рунда на покајание на колена.
ЕЦИЈА: Со прстите држеше парче од најфиното преработено сирење…
АЛЈОША: Како мало глувче?!
ЕЦИЈА: Исто како мало, буцкасто глувченце… Тоа мало момче благо се насмевна од илјадниците џиновски постери што никнаа низ целата земја. Беше поубаво да се патува, знаејќи дека ќе го гледаме на секој пат…
Монистрата на тато Давор стигнаа до целта. Ја напушта позата на колена и приоѓа на одделот за бајки. Еција ја затвора монографијата.
ДАВОР: Сега сите заедно ќе се молиме на Господ да ни подари мирна ноќ.
Децата клекнуваат во креветите, ги свиткуваат дланките.
ДАВОР шепоти Ја најдовте?
ЕЦИЈА: Не. Како да пропаднала в земја.
ДАВОР: Чувствувам празнина кога ја нема.
ЕЦИЈА: Па, веќе сакав да ти кажам… Претеруваш со тоа, слика како слика. Да бидам искрен, ми се чини дека е малку кич…
ДАВОР студено Таа слика е совршенство.
ЕЦИЈА: Не знам, навистина…
Тоука него го запукува во занесот.
ДАВОР: Брат и сестра, тој со црна коса, таа со руса коса, малечка и слаба, на кревок дрвен мост над бурната вода… Под нив демнат пеколни вирови…
И додека синот се занимава со религиозно сликање, малото девојче го користи метежот и вревата. Малку по малку ја опуштаат практикуваната молитвена поза и течат хоризонтално…
ДАВОР: И гледај сега, тие две невини души ќе ги грабнат ледените пипала! Смртта многу им се заканува. Но Господ никогаш не ги остава своите овци… Над нивните слаби глави се појавува Ангелот чувар и им го покажува патот…
ЕЦИЈА: Побрзај, децата веќе спијат.
Језуитот се сепнува од мантрата и силно ја затресе воената скаламерија.
ДАВОР: Стани, стани, одиме! Молитва!
Тие ги спојуваат дланките во почетната положба.
ДАВОР: Повторувајте по мене: Драг Ангелу чувар,
Закрили ме со својата сила.
АЛЈОША И МИРТА: Драг Ангелу чувар,
Закрили ме со својата моќ…
ДАВОР: Според Божјото ветување
чувај ме ноќе, дење.
МИРТА И АЛЈОША: Според Божјото ветување
чувај ме ноќе, дење.
Давор застанува и зема воздух. Завршена молитва? Децата се фрлаат во несвест побрзо и подобро.
АЛЈОША И МИРТА: Добра ноќ!
Како да не, секако.
ДАВОР: Не сме готови.
ЕЦИЈА: Не сфаќам, никогаш не си отишол до крај…
ДАВОР: Сега се веќе големи.
Малата молитвена колонија повторно е збунета.
ДАВОР: Посебно брани ме
За грев во душата да не зафатиме…
АЛЈОША И МИРТА: Посебно брани ме
тој грев во душата да не зафатиме.
ДАВОР: И кога ќе го напуштам овој свет,
со среќа да стигнам во рајот свет…
МИРТА И АЛЈОША: И кога ќе заминам од овој свет,
со среќа да стигнам во рајот свет…
ДАВОР: … да можам да бидам таму со тебе
Засекогаш да се поклонам на Бога во себе.
АЛЈОША И МИРТА: … да можам да бидам таму со тебе
засекогаш да се поклонам на Бога во себе.
ДАВОР: Амин.
МИРТА И АЛЈОША зевајќи Ааа-мин.
Превод од хрватски јазик: Сашо Огненовски
Давор Шпишиќ