ДУЗИНА ГОДИНИ
Времето дојде
Времето пројде
Не можев да го задржам времето
Врзано
Се удрив во мојот стар пријател
Го затекнав морскиот скапоцен камен
Во нашиот разговор не го препознав
Повеќе истото момче
Тоа ме натажи
Наспроти струјата
Го турнавме кануто
Земајќи ја секој од нас својата вреќа од нашето минато
Почувствував остар удар од
Една непозната тага
Бев во загуба
Тој којшто сакаше да оди влево
Со тешко срце
Јас исто така не можев да чекам
Куќата остануваше неизградена
Кошулата неупотребена
Забите извадени
Ох Боже
Се истркалале дузина години
.© Nirendra Nath Thakuria
СФАЌАЊЕ
Поради некоја причина
Ти си вознемирена од мене
неколку дена
Иако не ја знам причината
Претпоставувам дека е точно
Не си го изрекла тоа
И јас не те прашав исто
Заземавме спротивни позиции
Тишината разговара меѓу нас
Можеби разговорот е наречен
битка на нерви
Без крв
без раце
ова е најтешката битка
На земјата е најдобрата личност
кој повторно и повторно ја добива оваа битка
Тој е тој што ја завршува оваа тивка битка
И никогаш не е победен
Сакате да бидете победник
Јас исто така не сакам да бидам губитник
Така, растојанието меѓу нас се зголемува.
.© Nirendra Nath Thakuria
Гуна Моран