Elementi Logo

ВОЛК НА СНЕГОТ

Backgorund

Оклопниците формираа непробоен бедем пред Банскиот двор.
Над кордонот, зад блиндираните прозорци се ококорија преплашените лица на Владата на народниот спас. Прозорците веќе беа прилично мрсни од нивните испотени образи. Стравот смрди кисело од владиниот кабинет. Предната страна на Банскиот двор, таму каде што во почетокот на 2033 година беше стаата зграда на Соборот се издигнуваше облакодер од педесет ката. Преку целата стаклена фасада се простираше китнест витраж со алегориски приказ на животот на премиерот Томаниќ – од колевката до премиерската лента.
„Многу ми е убаво тука!“, кликаше Бошко во мобилниот телефон со стемнето лице. „Не знам како да ви опишам. Се лувствувам како во рајот! Овде го ценат и чивекот и знаењето.“
Данко ги отпетла коланите и ја извади кацигата. Си го избриша вратот темелно со марамчето. Ја закачи кацигата на појасот. Го погледна Бошко и си ја гризна усната. Тие двајцата цупкаа нервозно зацврстени во средината од кордонот.
„Ама воопшто не морам да го палам автомобилот“, објаснуваше Бошко со горлив глас, а во очите му се беа насобрале солзи. „Живеам на десетина минути од банката. Десет минути лесно одење. Да, веќе си купив и станче … Убаво, што да ви кажувам. Триста квадрати и уште четириесет терасата. Двесте луѓе ми беа на веслувањето!“
Данко следи стемнето како солзите оставаат валкани траги на прашливото лице од Бошко. „Мајко, сега морам да одам. Ме чекаат другарите. Одиме на ручек. Секогаш јадам во еден божествен франсуски ресторант. Те сакам многу, маки, и бакни ми го тато.“ Бошко ја прекина врската. Рацете му треперат. Зјапа во екранот од мобилниот телефон. Го напикува телефонот под панцирката. Изгледаше како да ќе се распадне на милион згазени лушпи. Виток и русокос. Потсетуваше на бреза. Данко го засака уште од првиот ден кога се запознаа. Кон него се однесува како кон помлад брат.
„Повтоно ги тркалаш, а брат?“
„Ги тркалам“; потисна Бошко со мака и запали цигара.
„Кога ќе им признаеш?“
„Никогаш, бе!“, с еизнервира Бошко. „Тоа би ги убило. Да го ебам, вака се среќни.“
„Можеби си во право“, зајадливо се сложи Данко.
Бошко Милосављевиќ, се досели пред неполни година дена, со намера да заработи од Белград ис е вработи како обребедување во фирмата на Данко. Се нагледа од огромните џамбо плакати што намамуваа во службата за обезбедување во „Баш челик“веќе на границата и вдолж задушениот автопат. А кога слезе од автобусот на загрепската станица го заблеснаа големите рркламни екрани од раскошно продуцираните филмови за башчелиците. И баба сера во стнаичниот тоалет каде што влета панично за да се испразни стутулена во столот крај прастариот автомат за кондоми, му тутна в раце пар листови од некое списание. Еден оглас преку целата сјајна страница ги мамеше мажите во динамична, комуникативна служба со можност за стреловит напредок. Најпрестижниот трговски центар на Балканот непрестано регрутираше нови и нови чувари. Како да се храни со нив. Попатно, за волја на вистината, Бошко денес ќе ја прославеше петгодишнината од дипломата за економја и менаџмент со сите најдобри оценки. За жал, никогаш не работел ни час во таа струка. Додека било какви неранимајковци и мрзливци добиваа работа како од шега, нему кутриот тоа не му беше судено. Родителите немаа пари д аподмачкаат каде што треба, а ни врски. Беше вработен само татко му како монтер на радијатори. Мајка ми, вредна домаќинка држеше три агли во подрумскиот стан, секоја пара ја превртуваше стопати. На Бошко ништо не му беше туѓо да работи, беше повреден од пчела. Се фрлаше и на најтешките физички работи се надевајќи се дека еднаш ќе му осамне и нему. Родителските срца се кинеа кога гледаа како горчината му го глода синот. Еден ден, беше голема зима, Белград се беше изгубил под мразот, кошавата безмилосно косеше. Бошко стана прв в зори не ја запали ни печката. Седеше долго сам во студената кујна ѕурејќи во дрвеното коњче за нишање што татко му му го изделкал на денот на раѓањето. Кога станаа татко му и мајка му се триејќи ги очите од сонот, им рече колебливо спојувајќи ги зборовите, дека вака понатаму не може. Плачеа сите тројца додека не се раздени матно. Да оди во Америка, излага. И набрзо на расплаканите родители им стигнаа прекрасни вести, им ја загреаја самотијата, им ги погалија срцата. Нивниот Бошко добил работа како банкар на Вол стрит. Во земјата на еднаквите шанси. Тоа не е мала работа. Од една од страничните улици што се искачуваа од главниот метрополитенски плоштад, се зачу врева од гласови.
„Затегни ја опремата!“, зарика водачот на обезбедувањето од левото крило. „Пристигнува бандата!“
Данко зловолно воздивна. Се почеша по темето. Ја врати кацигата на главата. Бошко го отфрли отпушокот и ја стегна грчевито дршката од другиот пендрек обесен на колкот.
Сопствениците на Данко и на Бошко склопуваа бројни лукративни деловни арамнжмани со владата на народниот спас. Секако без конкурс. Еден од најдоходовните бизниси беше изнајмувањето на нивните ефикасно наоружани и извеѓбани одреди за дополување на полицијата во сузбивањето на кризните жаришта. Честите краткорочни, улични изливи на гнев башчеликовците го решаваа со рутинска леснотија. Со потполно морничаво удирање на тапаните, завивањето на импровизирените сирени, цвичењето на пишталките и кркорењето на штракалата, првите редови на протестантите избија на плоштадот. Маса од гневни, очигледно исрпени луѓе се тркалаше кон дворот од Владата. Меѓу нив има многу жени, посебно во првите редови.
Некои помлади на градите носат деца. Оние постарит грмат од зарипнатите ветерански грла. Ги креваат стиснатите тупаници како очајнички чекани.
Од толпата долетува гнило јаболко и така гнило се рапсрснува врз панцирката на Данко.
„Сакаме леб! Децата ни се гладни!“, се заорува од масата.
„И нашите деца сакат подароци за Божиќ.
„Не сакаме милостина, сакаме да работиме!“, одекна уште пожестоко.
„Така еее! Дахте ни работа, свињи лакоми!“
Се истури дожд од камења врз блиндираните прозорци од Банскиот двор. Лицата на политичарите врескаат од ужас, како секој камен да го распрснал стаклото и д аја погодил целта.
Бошко нервозно го спушти визирот од кацигата. Данко замижа.
„Ако навалат овие, што ќе правиме …“, застенка Бошко. „Јас … јас не можамд а ги удирам.“
„Стегни заби!“, одврати Данко.
„Да фи истераме гнасите од дувлото!“
Густ млаз од плунка ја погоди кацигата на Бошко, се цеди вдолж визирот. Првите редови од незадоволниците веќе удираат со стапови по неподвижните роботизирени тела од „Башчеликовите тепачи.“
„Одиме девојчиња, да ја рупиме капијата! Тоа тие на нашиот грб го искрадоа!“
„Одбиј!“, се издра Данко.
„Ѓубре продадено!“, се издра еден брадест со воспалени очи, прскајќи го со слина лицето на Данко. „Оти оние горе не тепаат?!“
„Застанете луѓе, не смееме да ве пуштиме!“, зајачи Бошко. „Разијдете се во мир!“
Жена со врзана бандана околу устата и носот забива летва меѓу нозете на Бошко. Бошко се згрчува од болка. Данко реагира хистерично и почнува да удриа како ќе му текне со пендрекот по првите настегани тела пред себе.
„Фрлај солзавец!!“, наредува водачот на Башчеликовците. „Ебете им ја мајката!“
Светот се изгуби во густиот чад што штипеше. Криците од ранетите го параат плоштадот. Рамнодушните ѕвона на Свети Марко останаа неми.

Превод од хрватски јазик: Сашо Огненовски

ЗА АВТОРОТ

Давор Шпишиќ

Давор Шпишиќ

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ