Elementi Logo

НАЈОСАМЕНИОТ КИТ НА СВЕТОТ

Backgorund

НАЈОСАМЕНИОТ КИТ НА СВЕТОТ

ПРЕД СЕ: пред почетокот или после крајот или кога и да ви одговара
ДЕВОЈЧЕТО
чувствата во целост владејат со овој свет.
силни се
и сеприсутни.
и токму затоа што се толку силни
и сеприсутни
мораа да бидат разделени
на нас милијардите
кои сите добивме само
по еден мал дел.
тој наш дел од чувствата
ние очајнички се обидуваме да го споиме
со нечиј туѓ дел
за тие делови заедно да постанат посилни.
две чувства што растат заедно
поголеми се и поубави од едно само чувство
кое е исклучиво во нас
клечи во мракот
не се дели
чека да пронајде
и да биде пронајдено.
со делење на неделивото
всушност многу нешто
се умножува.
меѓутоа, ако случајно
тоа силно
здружено чувствување
се искрши
како некаква кинеска вазна
нам ни се враќа само нашиот првобитен удел.
но во парчиња.
и му треба време за да се залепи
со супер лепило

охо лепило
уво лепило
срце лепило
додека повторно не постане
една цврста целина
спремна неброено да се размножува
со повторно делење со другите.

ПРВА СЛИКА: среќно семејство
ДЕВОЈЧЕТО
Јас сум девојче и многу сакам море.
МОМЧЕТО
Јас сум момче и многу сакам небо.
МАЈКАТА
Јас сум мајка,
на едно девојче
и мајкаж
на едно момче.
Јас сум мајка на девојче и момче.
ТАТКОТО
Јас сум татко
на едно девојче
и татко
на едно момче.
Јас сум татко на едно девојче и момче.
МАЈКАТА
Девојчето и момчето сите постојано ги прашуваат:
а кого го сакаш повеќе, мама или тато?
Какво глупаво прашање.
Се знае дека децата повеќе ја сакаат мајката.
ТАТКОТО
Девојчето и момчето сите постојано ги прашуваат:
а кого го сакаш повеќе, мама или тато?
Какво глупаво прашање.
Се знае дека децата повеќе ја сакаат мајката.
МАЈКАТА
Ние сме мајка и татко
на едно девојче и на едно момче.
Ние се викаме семејство.
Ние сме семејство.
ТАТКОТО
Ние сме семејство.
МАЈКАТА
Ние сме едно среќно семејство.

ТАТКОТО
Ние сме едно среќно семејство.
МАЈКАТА
Во ова наше семејство доста се
јаде
спие
смее
шета
пее
вреви
и зборува за небото
и морето.
Најмногу се зборува за небото
и морето.
ТАТКОТО
Нашето девојче постојано зборува за морето.
А нашето момче псотојано гледа во небото.
МАЈКАТА
Баш се луцкасти момче и девојче.
ТАТКОТО
Баш се шашави момче и девојче.
МАЈКАТА
Нема врска,
нека гледаат во небото и морето.
Ќе им помине.
Уште се мали.
ТАТКОТО
И јас како малечок гледав во небото.
И еве –
ми помина.
МАЈКАТА
Знаев дека во тоа се на тебе.
Зошто престана да гледаш во небото.
ТАТКОТО
Не се сеќавам.

ЗА АВТОРОТ

Тијана Грумиќ

Тијана Грумиќ е драмска писателка и драматургинка. Дипломирала и магистрирала на Катедрата за драматургија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Авторка е на неколку драматизации и повеќе од десет отигинални драмски текстови кои се иеведувани во театрите ширум Србија како и во Словенија, Грузија, Италија и Германија. Текстовите и се преведени на англиски, германски, италијански, руски, полски, словенечки и грузиски јазик и објавувани во домашни и странски книжевни списанија и антологии. Освен пишувањето, работи активно и како драматургинка на проектите во театрите ширум Србија. За својата досегашна работа добила многу награди меѓу кои и наградата за целокупно драмско творештво „Борислав Михајловиќ Михиз“ која ја доделува Српската читалница во Ириг. Една е од основачките на регионалната платформа „Од мали ноз(е)“ посветена на развојот и афирмацијата на театарот за деца и млади во регионот. Пишува за деца и возрасни.

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ