Elementi Logo

ИСЧЕЗНУВАЊЕ

Backgorund

ПРВ ДЕЛ: СТАПИЦА ЗА ГЛУВЦИ

1.
Драг професоре. Јас морам да Ве видам, а Вие се лутите. Ве чекав пред куќата. Врнеше дожд. Не ме видовте низ прозорецот? Така мислам. Не разбирам. Правам нешто погрешно. Испратете ми порака што е можно поскоро. И пари. Рековте дека сум силен. И паметен. И умешен. Дека пишувам убаво и дека не сум дете. Ви пишував белешки во кампот. Ме избравте мене. Затоа го пишувам ова на рака. Убаво пишувам, но Вие се лутите. Дали поради кошулата? Вие ми речовте да си ја скинам кошулата. Дека тоа ви се допаѓа. Професоре, ве молам. Јас помогнав Вам да Ви биде убаво. Вие тоа го нарекувате исчезнување. Се сеќавате ли? Ми треба вашата помош, ми требаат пари. Сега. Или утре. Тоа Ви го кажав и во кампот. Не ветив дека нема да им кажам на другите што правевме. Не сум глупав. Мора да се најдеме, вие пишете кога. Може да биде и на оваа порака, од друга страна. Ве молам.

2.

Карло е пред огледалото. Во кошула и гаќи. Невешто се обидува да си ја врзе вратоврската.

ВЕРА надвор од сцената: Карло… фатен си.
КАРЛ: Молам?
Верата се појавува за момент.
ВЕРА: Те фатив, да знаеш.
КАРЛО: Не знам што…
ВЕРА: Што, па видов…
КАРЛО: Виде…
ВЕРА: …те видов како плачеш, да. Минатата ноќ. Ти плачеше.
Ја гледа без збор, таа излегува.
ВЕРА надвор од сцената: Се разбира дека и мене ме допре. Но, дури ни толку самото дерјствие, мислам секако, секогаш те допира кога се во прашање децата. Но, всушност, воопшто не се работи за тоа… Карло?
КАРЛО: Те слушам јас.
ВЕРА надвор од сцената: Ги виде ли моите црни сандали?
КАРЛО: Сандали?
ВЕРА надвор од сцената: …оние со токата, не знам каде ги ставив.
КАРЛ: Јас не.
ВЕРА надвор од сцената: Мислам повеќе на чувство на општествена одговорност. Да, на тоа, пред се. Сега не можеме да кажеме дека не бевме таму. Седевме во публика и плачевме. И луѓето не видоа нас, и ние ги видовме нив. И сега веќе не треба да се правиме дека се е исто, кога не е. Дека не нè засега, кога не е вистина.
КАРЛО: Ти плачеше.
ВЕРА надвор од сцената: Заедно плачевме, Карло. И тоа е убаво. Зборувам за чувството на колективна емпатија. А за нас двајцата, по дваесет и пет години, всушност за прв пат во некакво… заедничко чувство на тага. Што е прекрасно од една страна, затоа што значи дека несреќите не заобиколиле, но како и да е. Што правиш?
КАРЛО: Одбирам вратоврска.
Верата повторно ѕирка.
ВЕРА: Еве, дури ни кога умре мајка ти –
КАРЛО: Ајде сега остави ја мојата покојна мајка –
ВЕРА: Јас плачев, ти не.
КАРЛО: Ти сепак ја мразеше малку повеќе од мене.
ВЕРА: Па, тоа ти кажувам. Како и да е, плачев само за да го одвлечам вниманието од тоа колку ти олесна.
Карло се насмеа.
ВЕРА: Но ова, синоќа, тоа кутрото дете во претставата –
Верата повторно излегува.
КАРЛО: Кога се во прашање децата, секогаш плачеш.
ВЕРА надвор од сцената: Молам?
КАРЛО погласно: Секогаш плачеш. Се беше пресметано, манипулација на која сметаа. Детето е во опасност. И не можеш директно да му помогнеш затоа што сте таму колку што и не си. И тогаш останува само сочувството.
ВЕРА надвор од сцената: Секој уметнички производ е делумно манипулација, тоа е јасно. Но, минатата ноќ можеби се почувствував за прв пат –
КАРЛО: Како и секогаш, ти си првата што кликнуваш на сите тие видеа со кутри кучиња со тажни очи –
ВЕРА надвор од сцената: … не знам како да објаснам целосно –
КАРЛО: …кои треба да се вдомат.
ВЕРА надвор од сцената: …некакво предупредување, опомена, не знам ни самата.
КАРЛО: Можеби си уморна и те погоди маллку повеќе –
Влегува Вера и го прекинува. Во раката носи кошула.
ВЕРА: Не навистина. Како да видов нешто од моите постапки во таа претстава и веднаш морав да си ветам дека никогаш повеќе нема да ги повторам.
КАРЛО: Што се случи?
ВЕРА: Тоа сакав да те прашам. Блед си.
КАРЛО: Ќе биде плус четириесет во аулата без воздух. Печка.
ВЕРА: Ајде, ајде. Не одиш да копаш канали. Одиш по својата награда.
КАРЛО: Сакам кога си толку горд на мене.
Вера се насмевнува.
ВЕРА: Добро, а кај ја искина оваа кошула?
Карло ја погледнува збунето.
ВЕРА: Беше испикана некаде на дното од плакарот. До моите чевли.
КАРЛО: Сум се запнал веројатно на клинец.
ВЕРА: На клинец, каде? Во кампот?
КАРЛО: Веројатно, да.
ВЕРА: Па ја испика меѓу моите чевли.
КАРЛО: Додека не ја фрлам, а потоа …
ВЕРА: Што?
Момент.
КАРЛО: Тогаш веројатно сум заборавил.
Вера го гледа, потоа ја спушта кошулата и му приоѓа.
ВЕРА: Ајде.
Вера му ја врзува вратоврската, тој се смее.
КАРЛ: Што?
ВЕРА: И еве ме повторно во долгиот шпалир на горди жени кои ритуално ги врзувале врските на своите сопрузи пред големите битки.
КАРЛО: Ти никогаш не си била една од тие жени.
ВЕРА: Па затоа зборувам. Затоа што другата опција е да те пратам во мајчината затоа што и самиот не го знаеш тоа. Го бакнува. И сега очигледно малку ги забораваш работите.
КАРЛО: Па, всушност си љубоморна. Ги имаш десетина, а мене оваа ми е прва. И ти си љубоморен.
Карло се насмевнува.
ВЕРА: Наградите во уметноста не се бројат, тоа е чиста куртозаија. Ќе се облечам, добро? А ти барем обиди се да го средиш тоа со вратоврската. Се додека не си заборавил каде одиме.
Вера излегува. Моментот.
КАРЛО: А знаеш ли дека Теа ми рече дека ќе не стави во некоја институција штом престанеме да бидеме функционални.
ВЕРА надвор од сцената: Е па затоа обиди се да останш функционални, бидејќи нашата ќерка никогаш не се шегува.

Вера излегува. Карло продолжува да се гледа себеси во огледало.

Превод од хрватски јазик: Сашо Огненовски

ЗА АВТОРОТ

Томислав Зајец

Дипломирал драматургија на Академијата за драмска уметност во Загреб во 2002 година. Дипломирал филозофија и кроатологија на Хрватски студии. Неговата прва забележителна јавна активност беше објавувањето на поетски циклуси во списанијата Вриешак и Форум во 1995 година, откако една година претходно ја доби наградата Горан за прв пат на Горанската пролет. Во 1996 година ја објавува својата прва збирка поезија; Дневникот на Натаниел во зборникот Во момент како во дивината со коавторите Влатко Гргуриќ и Роман Симиќ. Освен поезија, пишува и романи и драми. Досега ги објавил романите Соба за кршење (1998), Влез во црната кутија (2001), Канибали (2005) и Лунапарк (2009); четири збирки поезија Натаниелов дневник (1996), Север – златниот шут (1996), Дупката на едно име (2000) и Католичка вина (2015), книгата драми Заминувања (2013) и сликовницата Момчето што сакаше да биде тигар (илустратор: Томислав Златиќ) (2018). Автор е и на Правилата на играта (2012), првиот прирачник за пишување драми објавен на хрватски јазик. Како драматург дебитира во 2000 година со драмата Џон Смит, принцезата од Велс, во режија на Дражен Ференчина, а во изведба на театарот ЗКМ. Драмата потоа е поставена во Сараево (Akademija Scenskih Umjetnosti & Kamerni Teatar 55) во режија на Алма Беќировиќ, Глазгов (The Arches Theatre), Бредфорд (Theatre in the Mill), Вараждин (HNK Varaždin), Букурешт (Teatrul de Comedie) (Театар Марија Филоти). За истата драма ја доби и деканската награда. Драмата Свињи е изведена во повеќе различни продукции во Загреб, Дубровник, Љубљана, Риека, Вараждин и Винковци. Во 2013 година, драмата „Треба да го шеташ кучето“ е премиерно изведена во продукција на Хрватскиот народен театар во Загреб, на помошната сцена во Загребскиот танцов центар, во режија на Франка Перковиќ. Врз основа на истата драма е снимен и филм во режија на Филип Перузовиќ во продукција на Хрватската радио телевизија. Тој е шесткратен добитник на Драмската награда Марин Држиќ за делата Атентатори, Дороти Гејл, Спасени, Треба да го шетаме кучето, Она што недостасува и Исчезнување. Неговите драмски текстови се преведени на англиски, шпански, француски, германски, унгарски, полски, словенечки, грчки,македонски, чешки и руски јазик. Пишува за деца и млади. Живее и работи во Загреб.

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 12

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ