Тијана Грумиќ е драмска писателка и драматургинка. Дипломирала и магистрирала на Катедрата за драматургија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Авторка е на неколку драматизации и повеќе од десет отигинални драмски текстови кои се иеведувани во театрите ширум Србија како и во Словенија, Грузија, Италија и Германија. Текстовите и се преведени на англиски, германски, италијански, руски, полски, словенечки и грузиски јазик и објавувани во домашни и странски книжевни списанија и антологии. Освен пишувањето, работи активно и како драматургинка на проектите во театрите ширум Србија. За својата досегашна работа добила многу награди меѓу кои и наградата за целокупно драмско творештво „Борислав Михајловиќ Михиз“ која ја доделува Српската читалница во Ириг. Една е од основачките на регионалната платформа „Од мали ноз(е)“ посветена на развојот и афирмацијата на театарот за деца и млади во регионот. Пишува за деца и возрасни.
НАЈОСАМЕНИОТ КИТ НА СВЕТОТ ПРЕД СЕ: пред почетокот или после крајот или кога и да ви одговараДЕВОЈЧЕТОчувствата во целост владејат со овој свет.силни сеи сеприсутн...