 
            ПРВ ДЕЛ
1
КЕМАЛ
Јас сум Мустафа. Не, јас сум Кемал. Од денес јас сум Мустафа Кемал.
Нижото воено училиште во Солун, 1893 година .Во училиштето јас сум на мој терен. Бев многу непопуларен. Го чувствував тоа и многу ме дразнеше, а сепак не чувствував дека таму не припаѓам, припаѓав повеќе од другите. Тешко ми беше да се спријателам со другите деца. Не сакав да бидам како другите деца. Уште кога влегов во училиштето сакав нешто повеќе. Татко ми веќе беше починат. Ја гледав мајка ми Зубеиде, како се мачи со мојата сестра и со мене. И сакав тоа да прекине. Сакав јас да направам да прекине. А потоа во групата дојде тој, капетан Мустафа.
Многу ми се допаѓаше како човек капетанот Мустафа и подоцна секогаш се повикував на неговиот пример. Во втора година ме унапреди како ученик - наставник, ме издвои од другите уште од самиот почеток и тоа беше за мене поттик. Додека му помагав во наставата, понекогаш учениците и учителите не мешаа дека имавме исто име.Капетанот Мустафа за да ме разликува од себеси ми го даде второто име Кемал. Совршен, потполен, зрел. И од тогаш мустафа Мустафа Кемал. Всушност во военото училиште имаше бесплатен покрив на глава, исхрана и облека. Знаев дека мајка ми не ме мисли и дека знае дека ми е добро. Тоа ми даваше мир.
(Пет деца се наредени во колона. Мустафа е во прв ред.)
КАПЕТАН МУСТАФА: Секој што користи огнено оружје треба....
СИТЕ УЧЕНИЦИ: (Дополнуваат) Да мисли со глава во време невреме.
КАПЕТАН МУСТАФА: Секој што тргнал со некаква цел....
СИТЕ УЧЕНИЦИ: Треба да ја заврши навреме.
КАПЕТАН МУСТАФА: Марширајте во круг, чекори рамно.
(Сите марашираат)
КАПЕТАН МУСТАФА: Што е најважно.
ПРВ УЧЕНИК: Да се биде дисциплиниран.
ВТОР УЧЕНИК: Да се биде редовен.
ТРЕТ УЧЕНИК:Да се знае.
ЧЕТВРТ УЧЕНИК: Да се биде одговорен.
КАПЕТАН МУСТАФА: А што мислиш ти Мустафа Кемал, што е најважно?
МУСТАФА: Мислам дека е најважно да си присутен, ако си присутен ќе бидеш и дисциплиниран, одговорен, редовен и полесно ќе учиш за да знаеш.
КАПЕТАН МУСТАФА: Да се биде присутен во сите мигови од воената акција. Да се биде внимателен. Да се набљудува. Да се биде спремен за непредвидливи ситуации.
МУСТАФА КЕМАЛ: И секогаш да освојуваш.
КАПЕТАН МУСТАФА: Да ги освојуваш, а не да ги кршиш човечките срца. Како се сака Османлиската империја?
СИТЕ: Со тоа што се чува Османлиската империја.
КАПЕТАН МУСТАФА: Како се чува Османлиската империја?
СИТЕ: Со силни чекори, огнено оружје и смелост.
КАПЕТАН МУСТАФА: Кога употребуваме оружје.
СИТЕ: При опасност, освојување, војна и за да го одбраниме сопственитеот живот.
КАПЕТАН МУСТАФА: Што е најважно?
СИТЕ: Да се брани животот.
КАПЕТАН МУСТАФА: Што е најважно Мустафа Кемал?
МУСТАФА: Секогаш безусловно да се брани животот.
КАПЕТАН МУСТАФА: Да се брани животот до последен здив. Она што го правите да го правите за доброто на илјадници животи чии утра тежнеат да се расонат после зорите. Затоа што вие ќе бидете дел од османлиската армија. Ќе ги чувате морињата, планините и плодните земји да останат во границите на нашата територија и ќе освоите многу други земји и многу други култури и секогаш ќе се ширите со бескрајните и недопирливи предели, учејќи ја културата на другите народи. Вие ќе освојувате, нема да раѓате човечки жртви. Нема да кршите човечки срца, така прават тираните не освојувачите.Тргаме од Солун кон светот.
КЕМАЛ: Не беше така се идеално, како што веруваше капетанот Мустафа. Но тој беше добар човек и ни ги вдахна вредностите на духот.
Родена на 25.06.1984 во Битола, Македонија. Дипломира Драматургија на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, Македонија во 2008. Магистрира на Постдипломските студии на отсекот Комуникации на Институтот за Социолошко политичко правни истражувања во 2011, Скопје со темата: „Процесот на глобализација преку телевизијата како медиум за масовна комуникација“. Исто така магистрира и на Постдипломските студии на отсекот „Филмско и тв сценарио“ при Факултетот за драмски уметности во 2012, Скопје. Од декември 2014 година е вработена како драматург во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ – Велес. Покрај матичната куќа во која моментално е е вработена, соработувала и соработува со други театри како драматург на театарски проекти. АКАДЕМСКА РАБОТА Од 2009 работи како помлад асистент во класата на Професор Д-р Сашко Насев, за предметот Филмско и Тв сценарио, на Факултетот за Драмски уметности во Скопје/ Македонија Во 2015 ментор на меѓународниот проект „Различни“ , каде студентите на катедрата Театарска и Филмска драматургија се претставуваат со свои едночинки, на малата сцена Видра, во театарот Керембух, Загреб Проектот е поддржан од Vijeće makedonske nacionalne manjine Grada Zagreba ПОСТАВЕНИ ДРАМИ "Хераклеја и Ликиниј“, мјузикл, режиран од Сашо Огненовски, за Отворање на Битолско Културно Лето во Битола, Македонија. Премиерата на 22 јуни 2007. „Телеграма“, драма во два чина, режирана од Никола Ристов, во Националниот Театар во Штип, Македонија.Премиера на 05 јули 2007 „Калеш Анѓа, дефинитивно“, драма,режирана од Драгана Милошевска Попова, во Националниот Театар во Битола, Македонија. Премиерата на 15 јули 2010. „Волшебната шума“, драма за деца, режирана од Деан Дамјановски, во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ – Велес „Хумана Приказна“ – режија Бесфорд Идризи - дел од проектот „Мој Омбудсман – театарот како метод за зголемување на основните човекови права“, во продукција на Онлимит медиа и во партнерство со Народниот правобранител. Премиера на 07 декември 2019 во МКЦ „Кино Фросина” Оваа претстава беше тријазична (со титли за гледачите) и ги опфаќа македонскиот, албанскиот и турскиот јазик, притоа покриваше повеќе различни општини и региони. “Сара“ – драма – режија Елеонора Теова – Јордан Хаџи Константинов Џинот – Велес – Премиера „Исмена“ – монодрама – режија Елеонора Теова – Јордан Хаџи Константинов Џинот – Велес – премиера „Сатирска игра“ – мало либрето – режија Деан Дамјановски - Јордан Хаџи Константинов Џинот – Велес – премиера Работела и во областа на телевизија и филм Учествувала со бројни проекти на театарски и филмски фестивали, како креативен простор во кој се изразила себеси како уметник.